Friday , December 14 2018
Home / Сечено-лепено / Пратеникот Павле и законот за јазици со кој нема проблем

Пратеникот Павле и законот за јазици со кој нема проблем

Ретро „Сечено лепено“- 19.01.2018
Ете, Павле Богоевски, немал никаков проблем со Законот за јазици, кој и кокошкине по селана веќе знаат дека е спротивен на Уставот на Македонија, усвоен ,,на врат, на нос”, под маса, а и без попис. И уште мисли дека има кредибилитет да зборува за правна држава, за која се пењавеше по протести.

За каква правна држава зборуваш ти пратениче, кога е прекршен Уставот со кревањето на вашите два прста ?

Типов, зборува за некакви права, без да изусти дека тие негови ,,права”, смислени одамна од партиски клики и фашистички насилно наметнати од неговиот шеф во вештачки законски рамки, се дел од Тиранска платформа ( двојазичност во цела РМ, униформи, пари, марки, институции, инспекции..), за која лани убедуваше дека не постои. Убедуваше дека сме луди и си замислуваме.

Типов, кој, глумеше револуционер и кој падавичареше пред камери ако двајца цајкани му свикаат, сега го шетаат низ Јуроп, зема 1.000 и кусур евра плата, има дипломатски пасош, и секако дури нема никаков проблем ни со министер фатен како пуши во диско.

Всушност, одете кај него на профил и прочитајте го разочарувањето на гласачите од овој лик, кој, беше убеден дека вечно ќе продава магла.

© Сите права се задржани. Забрането е копирање на содржини за комерцијални цели, преземање на текстови или делови од нив, без дозвола од авторот. Не е дозволено ниту преземање на содржините со хиперлинк до информацијата на веб страницата, без дозвола од авторот. Преземање на содржини на социјални мрежи, за некомерцијална употреба, е дозволено со хиперлинк. 

error: Content is protected !!