Македонија

СКАНДАЛ: АГЕНЦИЈАТА ЗА МЛАДИ ФИНАНСИРАЛА ПРИМАЊЕ „КОРНИШОН“ НА ПРЕМИЕР

„Велат дека пушела коор кај координаторот….велат дека му го диркала на директорот..велат дека ја подигнала мини сукњата пред министерот“, вака некако изгледа „поезијата“, финансирана од Буџетот на Агенцијата за млади и спорт, испечатена во 5.000 примероци. Скандалот веќе е раширен, а јавноста врие. На социјалните мрежи, граѓани, го повикуваат директорот Дарко Каевски на одговорност затоа што финансирал дискриминација и шовинизам од најдолен вид.

„Поезијата“ продолжува со : -„Велат дека го примила корнишонот на премиерот“ (види фото). Има и етничка дискриминација-„Агим е шофер, Бурим е шнајдер“.

Околу овој невиден скандал , кој ја вознемири јавноста, бидејќи доаѓа од државна институција, доцна вечерва, се огласија и надлежните од Агенцијата. Иако, финансиите стасале токму од нивната каса, која ја полни цела македонска јавност, директорот се оградува. Ништо не видел, ништо не слушнал. Бил во подрум.
Но, ќе истражеле што точно се случува во нивните одаи и за што точно се трошат нашите пари.

-Во испечатената збирка поезија од проектот “Млади поети” е објавена содржина која содржи недолични елементи на дискриминација. Изборот на песни кои се објавуваат го направи надворешна комисија, која требаше да направи соодветна селекција, при што АМС нема увид во содржината. Агенцијата за млади и спорт се оградува од содржина која содржи дискриминација и смета дека е недолична. Во тек е истрага за утврдување на фактите и причините кои довеле ваквата содржина да биде објавена, после што јавноста ќе биде информирана за мерките и одговорноста кои ќе се преземат-се вели во соопштението од Агенцијата.

Повеќе детали за овој случај, односно одговори колку пари сето ова чинело, а и кој ќе ја понесе одговорноста-во текот на утрешниот ден.

© Сите права се задржани. Забрането е копирање на содржини за комерцијални цели, преземање на текстови или делови од нив, без дозвола од авторот. Не е дозволено ниту преземање на содржините со хиперлинк до информацијата на веб страницата, без дозвола од авторот. Преземање на содржини на социјални мрежи, за некомерцијална употреба, е дозволено со хиперлинк.

Tags

Поврзани содржини

error: Content is protected !!
Close