Македонија

КОМИСИЈАТА ДО КАЕВСКИ: НЕ ГИ БИРАВМЕ НИЕ ШОВИНИСТИЧКИТЕ ПЕСНИ

По одржаната прес-конференција на директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, кој целата вина за срамната збирка со дискриминаторски и шовинистички елементи, ја префрли врз Комисијата, се огласи Николина Андова Шопова, член. Таа, изрично отфрли било каква поврзаност со изборот на песни во збирката, соопшти дека како членови само учествувале во изборот на песни, кои, како најдобри потоа ги наградиле.

-Во врска со конкурсот за млади поети распишан од Агенцијата за спорт и млади, комисијата во состав Јовица Ивановски, Николина Андова Шопова и Тихомир Јанчовски имаше задача да додели три награди за најдобрите три песни. Тоа беше и единствената обврска на членовите на жирито, кои не учествуваа во уредувањето на збирката и селектирањето на песните што ќе бидат застапени во неа. Текстот објавен како предговор на збирката го пренесува генералниот впечаток за сите пристигнати песни. Уште еднаш, нагласувам дека ние како жири комисија не бевме консултирани околу изборот на песните што ќе бидат отпечатени. Одлуката за неселективно објавување на содржини нема врска со жири комисијата, чиишто обврски беа ограничени на избор на три песни.

Ги осудувам сите шовинистички и дискриминаторски ставови, и никогаш не би вклучила такви песни во кој било избор од ваков тип-, напиша таа.

Каевски, не поднесе оставка, без разлика што изјави дека се чувствува одговорен.

Поврзани содржини

error: Content is protected !!
Close