Friday , December 14 2018
Home / Ај, што ми е ретро, ем драго / (Видео) Шилегов вети заштита на Водно, а ,,заигра” секирата

(Видео) Шилегов вети заштита на Водно, а ,,заигра” секирата

,,Ќе започне повторно ревитализацијата на Водно. Водно ќе го вратиме на скопјани, Водно повторно ќе биде белите дробови на нашиот град”, рече Петре Шилегов на 27.11.2017 година на митингот во Кисела Вода, кога бараше гласови за градоначалник.

(Види видео на 1 минута и 37 секунди)

А, што се случува во април 2018 година ? Рамнење на теренот и најава за масовна сеча на парк шумата за гасовод.

Фото: Југослава Дуковска

Шилегов, во чија надлежност е Водно, односно на ,,Паркови и зеленило, веќе десетина дена го нема со никаква изјава во медиуми да одговори на прашањата:

1. Дали дал дозвола и одобрение за сеча? Како може да се сечат дрвја на терен, ако не потпишал одобрение ?

2. Колку хектари од шумата ќе се масакрираат ? И зошто дозволува.

3. Дали сеча за него значи ревитализација и враќање на ,,белите дробови” на градот, како што вети во ноември лани ?

4. Зошто СДСМ, чии функционери врескаа во минатото и за исечена грмушка, сега не спречуваат уништување на шумата, кога ја имаат и централната и локалната власт ?

Фото: Југослава Дуковска

 

 

error: Content is protected !!