Friday , December 14 2018
Home / Ај, што ми е ретро, ем драго / РЕТРО | Фрчкоски: Господ нека и` е на помош на Македонија

РЕТРО | Фрчкоски: Господ нека и` е на помош на Македонија

На 6 април, 2009 година, Љубомир Данаилов Фрчкоски, кандидатот за претседател на Македонија од СДСМ, го призна поразот од Ѓорге Иванов на Претседателските избори и ја даде следната изјава: „Имавме мирни и слободни избори. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на македонските граѓани за начинот и достоинството на кои го искажаа својот демократски избор, да им се заблагодарувам за гласовите што ми ги дадоа. Користам прилика да му честитам на победата на владиниот кандидат Ѓорге Иванов и Господ нека и` е на помош на Македонија”.

Веќе следниот ден, на 7 април, Стејт Департментот на САД, упати честитка за фер и достоинствени избори.
,,Граѓаните на Македонија, заедно со македонските власти, заслужуваат пофалба за успешно спроведување на овие избори”, изјави портпаролот на Стејт департментот, Енди Лејни.

На 9 април истата година, веднаш по победата, Иванов, отвори профил на Фејсбук и во медиумите осамнаа наслови ,,Иванов како Обама”, а на 11 април, опозициската СДСМ најави дека ќе ја спречи изградбата на црквата ,,Свети Никола” на плоштадот Македонија и поставувањето на споменик на Александар Македонски.

Во 2004 година, пак, на 14 април, се одржа првиот круг од предвремените претседателски избори, по трагичната смрт на Претседателот од ВМРО-ДПМНЕ, Борис Трајковски.  Вториот круг беше на 28 април. На овие избори победи Бранко Црвенковски од СДСМ, во тоа време премиер на Македонија. Негов противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ беше угледниот кардиолог, Сашко Кедев, кој во првиот круг освои 309.132 гласа, наспроти Црвенковски кој освои 385.347 гласа.
Тој, во вториот круг, победи со 550.317 гласа.
На премиерското место го наследи банкарот, Хари Костов.

error: Content is protected !!