Friday , December 14 2018
Home / Сечено-лепено / Д-Р КОСТОВА ОД СДСМ ПРОТИВ ХОБИТО НА ЗАЕВ: Како сега да ги убедиме децата дека моторите се опасни ?

Д-Р КОСТОВА ОД СДСМ ПРОТИВ ХОБИТО НА ЗАЕВ: Како сега да ги убедиме децата дека моторите се опасни ?

Само во петокот, на скопските улици, имаше три сообраќајни несреќи во кои учествуваа моторџии-двајца беа повредени, а еден загина 

Денешната мото рекреација на премиерот Зоран Заев и негова јавна промоција на моторот како средство со кое е забавно да се патува низ Македонија, наиде на негодување кај д-р Елена Костова, член на Комисијата за здравство при СДСМ, и еден од можните кандидати во трката за градоначалник на Кисела Вода на последните локални избори од оваа партија.

Таа на својот профил напиша: ,,Сега пробај убеди ги децата дека мотоциклизмот е опасен спорт !!! Му треба релаксација и на Премиерот”.

Д-р Костова, специјалист-интернист при Медицинскиот факултет е сопруга на д-р Христијан Костов, директор на градската општа болница ,,8 Септември”. Тој, заедно со едукатор од Хрватска, неодамна изведе хируршки зафат на р’скавицата на скочниот зглоб на Зорица Заева, сопруга на премиерот.
Д-р Костова е меѓудругото ќерка на Стојмир Петров, сопственик на веледрогеријата ,,Елбијор”.

Премиерот Заев, денеска, на приватниот фб профил, со фотосесија, се пофали дека патувал низ земјата со мотор, а завршил на слава кај крушевскиот градоначалник од СДСМ, Томе Христовски.

На Заев не му е првпат да го промовира јавно своето хоби, мотоциклизмот, без разлика на црната статистика. Само во петокот на скопските улици имаше тројца повредени моторџии во сообраќајни несреќи, од кои еден и починат.

 

error: Content is protected !!