Friday , December 14 2018
Home / Бележник ,,Од небо, па во ребра" / КОГА СДСМ СТИВНА: На кој тоа му прекипе од Петре Шилегов ?

КОГА СДСМ СТИВНА: На кој тоа му прекипе од Петре Шилегов ?

Пишува: // Јорданка Ивановска-Јоци

Два автомобила на Петре Шилегов, вчеравечер, му беа искршени на два метри од неговата куќа, а денеска ниту тој, ниту СДСМ, ниту Град Скопје, не излегоа со прес конференција на која ќе изразат загриженост за инцидентот. Настанот го игнорираат, како да не се случил, со цел да биде заборавен до утре.

Искршена е лична сопственост на градоначалникот на метрополата, бездруго трет човек во партијата, а неговите сопартијци молчат !?

Линк до веста:

(ОБНОВЕНО) МВР потврди: Искршени две ,,ауди” возила на Шилегов

Логично е човек да се запраша-а лично ли е нешто во прашање, па што сите се пикнаа во дупка и никаде ги нема да врескаат за ова физичко насилство ?

Можеби вчерашниот инцидент е силна порака до Шилегов и СДСМ дека на некој сепак му прекипело однесувањето на Шилегов, кој пред две недели беше пишуван во медиуми дека упаднал на синдикатот на вработените, со несоодветен вокабулар.
Тој ,,некој”, кој, ги искршил возилата, не бил незадоволен од криво засадено дрвце, тоа сигурно. Или пак од неговата работа, бидејќи тој за 6 месеци засади дрвца и пет пати се премисли за забрана за возење на Водно. И толку. Не можам да се сетам што работи човеков.

Прашања до Шилегов и СДСМ, кои, ги должат на македонската јавност:
1. Зошто беа искршени автомобилите ?

2. Дали станува збор за нечиј маж-сопруг и кој бил неговиот мотив да отиде кај третиот човек на СДСМ, дома, и да се реши на ваков чекор ?

3. Дали е некој незадоволен вработен ?

4. Дали е Пајакот ?

Секако, СДСМ, може да игнорира и да ја забавува јавноста со планови 369, 18 или 158, кои, само тие самите си знаат што значат, а кои во реалноста се само едно големо ,,пуф”, но сепак темпераментот на Шилегов нема да се смени. И, следен пат, верувам пораскошно ќе дојде до израз.
Пораскошно ќе дојдат до израз многу ,,темпераменти” во Владата и во СДСМ, затоа што луѓето не се менуваат, а тоа што се случило еднаш, ќе се случи и втор, и третпат, и четврт…По непишано правило.

СДСМ нема партиска дисциплина, нема почитување на хиерархија, ефикасност, статутарно почитување, и имено тоа е проблемот за нивната нефункционалност на сите нивоа- вестите за ,,темпераментите” толку брзо патуваат, да ни увидна екипа уште во кола не била седната, а јас веќе дознав.
И тоа е во ред. Тоа значи дека сите нивни папазјании нема да спречат да бидат објавени.

error: Content is protected !!