Friday , December 14 2018
Home / Сечено-лепено / ДРАМСКА ПИЕСА ВО ЕДЕН ЧИН: ЕЛЕМ ми е, двор ми е

ДРАМСКА ПИЕСА ВО ЕДЕН ЧИН: ЕЛЕМ ми е, двор ми е

(Затемнета канцеларија, ѕвони телефон.
Шефот крева)
ШЕФОТ: Да, да, нека влезат.
(Влегуваат Мики и синот Маус. Синот се влече зад таткото и разгледува)
МИКИ: Оооо, доообар ден. Па шу праиме, добри ли сме..аууу, шу убаа канцеларија, види, видииии…Види шу убаа сликава со лидерот на биро.
ШЕФОТ: А бе, завчера дојдов, ни канцеларија сум видел, ништо. Ми ја стави Маца секретарката сликава. Битно има пијачки у бифе. Никако да се справам со ова вмројнава, чоек ејјј….на секој чекор ги има. Значи, ми се повраќа, Мики. Начисто.
Него ова е син ти ? Вии го колкав пораснал.
МИКИ: Да бе, дојдовме за она шо зборевме.
ШЕФОТ: Ако, ако…. Него, каде да го ставиме ? Нешто лесно, да се мува, де. Имаш посебна желба или на мене оставаш ?
Кај си бееее, Маус (се смее).
МИКИ: На тебе оставам, секако. Вирујем у те.
ШЕФОТ: Вака ќе направиме. Ќе го ставиме во тој секторот..викан ,,за наши”….лабавко. Чекај, не ми текнува кој беше (и` ѕвони на секретарката)
Мацо, тој нашиот сектор како се викаше ? (Секретарката му кажува) Ааа, така, така… љубим те мацо. Ќао, ќао.
МИКИ: Ама нема да го тормозите, така ?
ШЕФОТ: Не, бре…нек си игра тетрис, никој не му брани, бог да чува. Имаме бифе, јаки цури, може да се прошета до кај мене коа сака..тоа.
МИКИ: Е, супер. Јави ми.
А, ако некој дознае ?
ШЕФОТ: А бе, шо ти е !? Те заболе. Сто години ќе владееме. Ко Никола шо викаше..
(Се поздравуваат. Во позадина се слуша песна пуштена од мобилниот на Маус-
“Никој ништо не ти може Николааа, Николаааа..неема праавда, нема мир….”)

© Сите права се задржани. Забрането е копирање на содржини за комерцијални цели, преземање на текстови или делови од нив, без дозвола од авторот. Не е дозволено ниту преземање на содржините со хиперлинк до информацијата на веб страницата, без дозвола од авторот. Преземање на содржини на социјални мрежи, за некомерцијална употреба, е дозволено со хиперлинк. 

 

error: Content is protected !!