Friday , December 14 2018
Home / Бележник ,,Од небо, па во ребра" / Манчевски, и од секој со кошула и кравата не бива министер, па ете си !

Манчевски, и од секој со кошула и кравата не бива министер, па ете си !

 

Пишува: // Јорданка Ивановска-Јоци

Ни се обратил Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество од СДСМ. Електроинженер по струка.
Ни се обратил за Меѓународниот ден на печатот, на нас граѓаните, со следнава изјава-,, денес, секој со интернет-конекција и паметен телефон може да објавува, во секое време, насекаде. Но, тоа не е новинарство”.
И притоа најавил законски измени на законот за АВМУ, со цел професионализација на медиумските тела за слободно и независно работење на медиумите во земјава.

Види, Манчевски. И од секој кој носи кошула и кравата не бива министер или директор, па ете ве-на власт. И си дрндате за слободни медиуми, а пола министерство за комуникации ви е наполнето со бивши новинари. А, и куп електронски гласила,  се блиски на вашата штапска политика и со години лиферуваат лажни, нефер и неизбалансирани вести. Па, ете, ти уште си зборуваш за слобода.

Воедно, ти, како електроинженер, од каде имаш поим што е новинарство ? Со ниеден ден стаж како новинар. Не, сериозно, од каде ти разликуваш што е вест !?

Како можеш во 21 век, во интернет ера, да дефинираш новинарство во законски рамки ? Што е тоа, се мачка на леб !? Дали е тоа еден човек или редакција ? Во светот има фриленсери кои соопштуваат сопствени ставови, независно од владини политики, законски рамки и мејнстрим медиуми. Или тие не се новинари за тебе ? Има и т.н. граѓанско новинарство.

И на крајот на краиштата, кој ти дава право да кажуваш дали новинарството треба да предничи пред социјалните медиуми и блогови ? Точната информација нема да бара од тебе дозвола за да стаса до јавноста. Нема да бара дозвола да стаса од ,,твој” медиум за СДСМ да ја прогласи за точна.
Јавноста сама ќе знае што е точно и вистинито.

Што е за тебе МЕДИУМ во 21 век ?
Медиуми се и социјалните мрежи на глобално ниво. Медиум се и блогови на луѓе кои имаат што да соопштат, ти одговарало или не, наспроти мејнстрим медиумите, кои, знаат клиентелистички да протежираат владини политики. И секако, тие на вас ви одговараат како Влада со нивното штапско ,,новинарство”.

Да, Манчевски. Денеска, секој, може, се` да објавува. Тоа се вика демократија. И токму тоа е слобода.
Додека беше опозиција, тоа пишување ти се чинеше во ред, а сега фрлаш со дрвја и камења по истото.

Манчевски, honey, и покрај написов, ти не си новинарска вест. Дури ни информација. А, сепак се` напишано е точно.
Ќе бидеш вест кога ќе ти текне да се насмевнеш повеќе од еднаш во годината.

error: Content is protected !!