Friday , December 14 2018
Home / Дневна доза отровче / ВЛАДАТА ВО ГАЛИЧНИК: Симни се Миле од коња и кажи колку пари потрошивте на журки

ВЛАДАТА ВО ГАЛИЧНИК: Симни се Миле од коња и кажи колку пари потрошивте на журки

Портпаролот на Владата на Македонија, Миле Бошњаковски, денеска, наголемо се забавуваше во Галичник. Заедно со премиерот Зоран Заев и други претставници од Владата.
За разлика од Заев кој се шеташе низ планинското мијачко село и одржа говор ( во кој повторно удави со ,,едно општество за сите”), Бошњаковски, пустинскиот, ни го качиле на коњ. Во носија, на 35 степени.

Додека портпаролот е во мијачки елемент и си м’цка галичко сирење, кашкавалче, си цуцка ракииче можеби, граѓанството, даночните обврзници,  веќе четврти ден, се` уште го чекаат да излезе и да обелодени колку пари Владата потроши на НАТО-журките во 15 градови низ државата, кои, според посетеноста на видеа од граѓани беа повеќе од очајни.

Бошњаковски, кој, денеска на својот профил ја покажа и тетоважата и секако атлетскиот стас, последниов месец е и во пишувачки елемент. Ем се кара со медиуми на својот приватен ФБ профил, ем соли памет, ем комуницира со новинари и медиуми со речник како пред кооперација, ако нешто не му е по ќеф.

Апсолутно романтично !
Туку…ние, овој го плаќаме. И уште 40 други вработени во владиниот сектор за односи со јавност.

error: Content is protected !!