Friday , December 14 2018
Home / Дневна доза отровче / Советникот на Заев, фраерот Забрчанец, се искарал со новинари, па се извинувал и сега веќе нема ,,крилја”

Советникот на Заев, фраерот Забрчанец, се искарал со новинари, па се извинувал и сега веќе нема ,,крилја”

„Единаесет години ве газеа, ќутевте, а сега ли најдовте да зборите“, им рекол вчера на новинарите и фоторепортерите, јакиот фраер од Стојаково до Муртино, Марјан Забрчанец, пред почетокот на лидерската средба, забранувајќи им на медиумите било какво сликање.
Мислиш севселенскиот патријарх, со златна круна од 100 кила дошол во Скопје или стасал синиот дијамант од 6.16 карати на изложба, па сликање на скапоценостите не доаѓа во предвид.

По забраната, фоторепортерите ги спуштиле наземи апаратите во знак на протест, по што работите зеле да ги средуваат советнициве по брза постапка со молење и извинување. Не биле разбрани убаво од новинарите, така рекол фраерот на својот фб профил. 

Ова типчево, советник на Зоки, за кој низ чаршија се зборува дека нема високо образование, очито е дека нема искуство со медиуми. Да имаше, ќе знаеше дека на новинари не треба да им се курчи.
Новинарите се суетни, безобразни, одвратни копиленца за политичари кои се замислуваат цареви, деќко. Особено за вакви суратчиња ко ти, кои, толку се јаки, да сите им се тресат и поклонуваат, јеботе ! 

Линк до веста :

„11 ГОДИНИ ВЕ ГАЗЕА, СЕГА НАЈДОВТЕ ДА ЗБОРИТЕ“, НА ФОТОРЕПОРТЕРИТЕ ИМ Е ЗАБРАНЕТО ДА  ГИ СЛИКААТ ЛИДЕРИТЕ КАКО ПРИСТИГНУВААТ НА ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА

Али, секако, ти тоа веќе го знаеш. А, шефовите, наназад 25 години, го чувствуваат на кожа.
Нека ти е со среќа.
Ја би те фрлила во канта. Одма.

error: Content is protected !!