Friday , December 14 2018
Home / Дневна доза отровче / ПАРТИСКА МИЗЕРИЈА: Пратениците од СДСМ донирале за болни деца, па се пофалиле јавно

ПАРТИСКА МИЗЕРИЈА: Пратениците од СДСМ донирале за болни деца, па се пофалиле јавно

 

Во екот на новиот скандал околу повторно дрпање буџетски пари преку дневници од патни трошоци, пратениците од СДСМ, решиле да донираат на тешко болни деца.

И сето тоа би било во ред, доколку не решиле да направат политички маркетинг од својата ,,добрина”-се пофалиле со селфи на социјални мрежи, насмеани од едно до друго уво.
Нема информации што донирале и колку средства, но секако овие луѓе, по кои јавноста деновиве фрла со дрвја и камења за нивната алчност, не чуле за христијанското начело дека левата рака не треба да знае што прави десната.

Мизерија од прв ранг ! Да се ,,возиш” партиски на грбот на болни деца.
Ништо не ве пере, другари и другарки.

Како се движеше исплатата на патни трошоци во првите 6 месеци од оваа година: Бети Рабаџиеска Наумовска (СДСМ) од декември 2017-та до мај 2018 искеширала 11.770 евра. Мира Стојчевска (СДСМ) и оваа година зела 10.396 евра, а Анета Симеска Димоска (СДСМ)- 8.359 евра.
Околу 7.000 евра им биле исплатени на Хари Локвенец и Милева Ѓорѓиева, исто од СДСМ. 
Следуваат Сашко Костов, Бетиан Китев и Кети Смилеска со по 6.000 евра, а под нив е Томислав Тунтев, Жаклина Лазаревска, Мери Лазарова, од 4-5.000 евра за патни трошоци, сите од владеачката СДСМ.
Алија Камбероски од партијата ПЕИ зел 10.355 евра, Сурија Рашиди од Алијанса за Албанците добил 7.962 евра, а Агим Шаќири од ДУИ- 7.600 евра.

error: Content is protected !!