Friday , December 14 2018
Home / Култура/Сцена / Лав стори на батерии

Лав стори на батерии

,,Раскажувачката”

Пишува : // Фросина Ѓорѓиоска

Он ме игнорира затоа што му се свиѓам и не знае како да се справи со емоциите.
-Aко му се свиѓаш едвај ќе чека да те види. Тој е од оние кои не знаат како да се справат со тоа што им е во гаќите, па во животот се водени од сто грама жилаво месо.
-Ама знаеш какви се маживе плашливи, бега од емоции, со мене му е различно, не е како со другите, има нешто подлабоко и се плаши од врзување.
-Срц, басните на Езоп требаше одамна да ги надминеш. Човек што има емоции-не бега. А ако има емоции и пак бега, тогаш што ќе ти е емотивно незрел, себичен и кој не знае што со себе. Таквите секогаш остануваат сами.
-Вчера му пишав, имаше само seen и не ми врати, а претходно си пишувавме. Што треба тоа да значи?
-Тоа треба да значи дека не планира наскоро да те ебе. Кога ќе сака со тебе, тогаш ќе ти одговори на пораките. Нели гледаш дека тој доаѓа кога сака и си оди од тебе кога сака, а ти му го дозволуваш тоа. Ти немаш никакво влијание врз ситуацијата. Тој ги поставува условите и ја контролира играта, а ти прифаќаш.
-Ама порано по цели ноќи пишувавме, сеа ми вика да не го замарам веќе. Што значи тоа?
-Тоа значи да не го замараш веќе. Кога и двете страни имаат емоции еден за друг, не е комплицирано. Лесно е. Се сакаш – заедно си. Љубовта не е комплицирана. Ние ја правиме да биде. Нашата илузија за другата личност е тоа што нас не` разочарува. Ние се врзуваме за таа илузија, иако длабоко во себе знаеме дека реалноста е сосема друга, ама понекогаш егото или осаменоста не тераат да веруваме во сопствените илузии. Сликата што ти ја имаш во својата глава за него, е различна од тоа каков е тој навистина. И дај ослободи се конечно од таа илузија.
-Ама јас го сакам, не знаеш како беше додека бевме заедно.
– Вие не сте биле никогаш заедно. Вие само три пати имавте секс во рок од три месеци. Кога јас почнав ваквите ликови да ги множам со нула, тогаш сфатив колку не сум се почитувала себеси на времето.
-Ама ти не разбираш, многу ми е тешко.
-Разбирам. Што треба да направам сега? Да го киднапирам, да ти го донесам и да му ги врзам мудата за радијатор за да бидеш среќна? Човекот не те сака. Само те посакува од време на време ко ќе му се дигне и ко ќе нема кај да го брцне (а нема дупка у душекот) или ако има девојка, ко ќе му здосади од ,,секој ден јадење грав” (и остали ,,пресмешни” фори од пред два века). Еден куп ги има такви кај мене у диско. Материјал за една употреба. Како се поставил, така треба да го гледаш.
-Сурова си. Ова ме боли.

-Знам. Другарка си ми. Глупо ќе е да те поддржам во ова кога гледам дека страдаш. Од искуство ти кажувам. Посакувам и со мене некој да беше вака суров на времето кога се трескав по еден.
-Ама, ова со мојов е различно. Ти вакво нешто не си доживеала. Ваква духовна поврзаност со некој првпат ми се случува.
-Да, да, ваква духовна поврзаност од вселенски размери само ти имаш доживеано и никој друг на оваа планета, па затоа не може никој да те разбере. Истото го викаше и за претодниот. Значи до твојата перцепција е. Јас среќа само со еден се понашав така у животов и ја научив лекцијата. Греота за човекот, изеде психичко малтретирање за сите пари. Толку го оптеретив виберот, што мислев апликацијата ќе се запали. Во тоа време бев хакериште невидено. Виберот си знае. Сега знам и јас, ама тогаш – збогом памети. Главата ја користев само како подлога за правење фризури. Дали дечкото беше добар? Не. Кај може мене нормален да ми се свиѓа. И двајцата бевме мрднати на различен начин, а паметни на ист. Едино хороскопот ни беше погоден. Јас лав, тој вага. Тој не знаеше кај oди, јас не знаев кај да застанам. Ни фалеше уште гатачка, бидејќи психијатар не помагаше. Толку забегав, што почнав и поезија да пишувам. Откако се опраив се префрлив на колумни. По повод неоснован душобол кај женската популација напишав песна и среќа што Блаже Конески не е жив:
“Ти со него сакаш лав стори,
а тој да ти го опне сака мори.
И ти ќе седиш ко фикус тужна,
а тој си фатил глупа и ружна.
Олабај се девојче и терај си даље,
ќе бидеш среќна, не бери гајле.”

Понекогаш е потребно да добиеме ваков ,,шамар” за освестување. Тој што те сака те држи за рака. Тој што мисли на тебе ти се јавува. Кажете fuck off на сите изговори, не само во љубовниот живот. Така ќе се ослободите од сиот непотребен товар во животот кој заради претерана толеранција ви се калемел на плеќи и ве подгрбавил. Исправете се нагоре и погледнете во тие што ве сакаат. Фрлете од себе се` што не ви треба и се што ве прави несреќни. Оние отфрлените ќе ве наречат кучка. Добро е тоа. Така ќе знаеш дека нешто добро си направила за себе.

Настаните се вистински, но имињата на ликовите се измислени. Секое преклопување со имиња на вистински луѓе е коинциденција. 

© Сите права се задржани. Производот е авторски и интелектуален труд. Забрането е копирање на содржини за комерцијални цели, преземање на текстови или делови од нив, без дозвола од авторот на веб страницата. Не е дозволено ниту преземање на содржините со хиперлинк до информацијата на веб страницата, без дозвола од авторот.  Секое недозволено преземање ќе биде санкционирано според Закон за авторски и сродни права. 

Преземање на содржини на социјални мрежи, за некомерцијална употреба, е дозволено со хиперлинк. 

error: Content is protected !!