Friday , December 14 2018
Home / Македонија / ЧЕКМЕЏЕ ПАРТИ: Бубо, Дарио, Тијана, Тамара, Гиш, Владо Јаневски си зарипкаа за Европа

ЧЕКМЕЏЕ ПАРТИ: Бубо, Дарио, Тијана, Тамара, Гиш, Владо Јаневски си зарипкаа за Европа

Ги викнале нашиве пејачи во некое сомнително студио и им рекле да скокаат, да пазат да не се удрат со главите и да отвораат уста на ,,Европска Македонија”. Дотолку е за грев спотов, а верувам фрлени се грдни пари.

Туку, ни тоа што го снимиле, не знаеле да го синхронизираат.

Не знам дали оваа комедија на лицемерието е снимена со мобилен, али личи дека е снимена со мобилен од 2008 акнат од ѕид. А, текстот и музиката ко да се купени под Кале, кај црв пазар. Дошол некој и рекол на некое дете кое ловело риби на Вардар-,,дај шта даш од тоа поезијата која им ја кажуеш на жабиве у Вардар”.

Им рекле и да изгледаат среќно ко да добиле вибратор за поклон во последен момент, а претходно им било кажано дека ќе им дадат чаши за по дома со принт од Зоки.

Туку, они стварно скокаат цело време. Па нешо и со руки мафтаат. (Така се стасуело побрзо у Европа, им рекол ваљда режисерот)

Пренајсмешни се сестрите Тодевски со тупаниците (Тамара увек спремна да улетува за фин хонорар на прослави на било која власт), потоа Бубо-советникон на Зоки ,,за нешто таму во Влада” кој си рипка ко да игра школка пред зграда, Митевски кој остаре и проќелаве пеејќи песни кои не ги паметам никако.
Врвот на лудилово и евтиноќава се вмровските ,,ѕвезди” од партиски митинзи кои од патриоти сега станале ,,европјани”- белокосиот Владо Јаневски (не знам дали се ондулирал за потребите на Европа) и Гиш во одело, а не во нешто рунтаво од јагнешка кожа . Владо се одра од пеење до завчера на ,,Земјо македонска”, а сега ваљда смени шина и ќе глуми лудило на прослави на власта со ,,Земјо северномакедонска”. Туку, песнава Гиш и Владо ќе си ја пеат во дует.

Отприлика, ова се нашиве ,,ѕвездиќки”. Вака изгледаат во его на ,,добар ни е хонорарот, ако треба ќе играме на 60 години и на ,,Beat it” од Мајкл Џексон”.
Затоа и се познати од ова рипкање до следен партиски митинг.

П.С. Имало и проширена верзија на песниќево со Ферус, али за тоа ко ќе не` израдуваат сос него во наредни денови.

error: Content is protected !!