Friday , December 14 2018
Home / Дневна доза отровче / Петре кажувал смешки, док Македонија е најзагадена и умираат по 3.000

Петре кажувал смешки, док Македонија е најзагадена и умираат по 3.000

Наместо сериозен прес за една година отчет од сработеното, скопскиот градоначалник Петре Шилегов организирал хЈумор-парти на кој гости му биле новинари.
Со свои ,,стенд ап” точки настапиле Петре, Наташа Петровска градоначалничката на Битола (онаа чиј брат експресно си го вработи во локално школо), Сашо Ордановски ( дете за сечиј роденден, да пушти балони ) плус Миле Паника, кој едно време стварно беше смешен , а после доби американски пари за емисии, а Цацко стана советник во Влада, па хуморов истече во некоја шахта на Петре.

И нешо луѓево као малце пиеле, јаделе, али поише си се зезале на сметка на градов и нивното неработење.
Од типот – ,,Фала ти Петре што ни даде крш автобуси во Битола”, ,,Ај, конечно нек не’ научат од Градежен како се прават шахти”. Пошто врло е веома смешно што луѓе умираат од канцери во градов од загадување. 

Туку, за тоа време, док овие се заебавале со пресмешки , а новинариве блееле ко телиња и идиоти, Европската агенција за животна средина ја рангираше Македонија на врвот од најзагадените земји во Европа.
И тоа, со три најзагадени градови во држава со 2 милиони жители-Скопје, Битола, Тетово.
А, притоа од загадување и ПМ2,5 честички секоја година умираат по 3.000 луѓе од загадување-од срцеви болести, белодробни, канцер, предвремено родени бебиња.

error: Content is protected !!