Friday , December 14 2018
Home / Македонија / (Видео+фото) Масовен протест : ШИЛЕГОВ ДА ГО ДАДЕ СТАЦИОНАРОТ ВАРДАРИШТЕ НА АКТИВИСТИ

(Видео+фото) Масовен протест : ШИЛЕГОВ ДА ГО ДАДЕ СТАЦИОНАРОТ ВАРДАРИШТЕ НА АКТИВИСТИ

Стационарот ,,Вардариште”, во кој градската власт ги убива бездомните животни, време е да го преземат и со него да раководат активисти за заштита на животните, а не Градот Скопје, беше една од главните пораки од денешниот протест под мотото ,,Живеам за хумано утре”.


Протестот, кој беше масовен и на кој присуствуваа илјадници граѓани, кои дојдоа со своите миленици, беше во организација на невладини организации од цела Македонија чија мисија е заштита на животните.

Граѓаните, напладне, се собраа пред Собранието на Македонија, а продолжија кон Владата и Градот Скопје.
Побараа хуман третман на бездомните кучиња, не нивно евтаназирање со цел намалување на популацијата, нов стационар, како што вети Петре Шилегов, наместо сегашниот каде кучињата се третираат мизерно и умираат од болести. Изразија незадоволство од досегашното спроведување на градската програмата ,,Залови-стерилизирај-пушти”. 

Доколку не наидат на коректен однос од градските и државните власти, нивниот глас не биде чуен, најавија нови протести.

Предлозите од организаторите за третман на бездомните животни во Македонија, со цел нивно ставање под контрола во период од само неколку години, се следните и се однесуваат на сите општини во земјава:

■Стационарите се под раководство на активисти за заштита на животни со задржано финансирање од градот/општината
■Се комплетира Регистарот на сопственици на миленици
■Се комплетира Правилникот за одгледувачници
■Се изработи Регистар на одгледувачници кои уредно ќе плаќаат данок со што ќе се спречи да работат на црно притоа зголемувајќи го бројот на бездомни животни во градот
■Се спроведува ригорозен инспекциски надзор со највисоки казни за секој нерегистриран или напуштен миленик
■Градот/општината преку Советот усвои одлука за оданочување на сопственици со репродуктивно способни миленици
■Градот/општината преку Советот да усвои одлука за субвенционирање на сопственици кои сакаат да го стерилизираат/кастрираат својот миленик
■Министерството за образование и наука, во соработка со АХВ, Градот, сите општини и останатите поврзани институции да спроведат масовна едукација во двете задолжителни нивоа на образование за одговорно сопствеништво и вдомување наспроти купување миленик. 

 

 

 

error: Content is protected !!