Friday , December 14 2018
Home / Бележник ,,Од небо, па во ребра" / Недраг, СашКо Ордановски: ,,ЏУКЕЛИТЕ” НЕ ГЛАСААТ, НО СИМНУВААТ ОД ВЛАСТ

Недраг, СашКо Ордановски: ,,ЏУКЕЛИТЕ” НЕ ГЛАСААТ, НО СИМНУВААТ ОД ВЛАСТ

Пишува : // Јорданка Ивановска-Јоци

 

,, Недраг, СашКо Ордановски

( Нека не те буни она К. Имаше еден професор во ,,Борис Кидрич”, Станинов, велеше ,,со тврдо К” како … )

Овие четириве кутриња на фотографијата ги сликав пред некои три недели, враќајќи се пеш. Одеа со мене два километри. Буквално до дома ме чуваа. Човекот и кучето се пријатели од дамнина.
Да ми се приближеше некој да ме нападне, веднаш ќе го изедеа. До толку ме засакаа ,,на прва”. Види им суратчиња. Они се прави урбани бандити, ,,десперадоси”, не знаат да живеат поинаку.
Јас не знам што човек си ти, што толку мразиш животни, но овие мене ништо не ми направија. Сурија.

Туку, ти го прочитав внимателно твојот магарешки шит од писание насловено како ,,Скопје-град за џукели”. Откога претходно начисто удави со 5 писанија за Мицкоски, онака се опседна со недели со опозициската ВМРО како во филмот ,,Егзорсист”, зема се наврте на уличните кучиња баш два дена пред протестот против неспособната градска власт на чело со Петре Шилегов.

Ги нарекуваш со секакви погрдни зборови животните кои завршиле на улица, не по своја вина, напротив по вина на властите. Кои ветија хумани решенија, нов стационар, одговорно сопствеништво, чипување, решавање на работите од корен, а не нов хаос, таманење на улични миленици со смртоносни инјекции, а со тоа отворање на нова војна со љубителите на животни.

И секако, бидејќи си на иста линија со Шилегов со кого си правите смешки на јавни настани на наша фактура на тема загадување од кое умираме тивко и полека, некаде на средина од магарешкиот ти шит, кој труе од Ѓорче до Аеродром на одбрана на неодбранливото,
одобруваш евтаназија, како најбрзо решение, за да се раатиса од нив ем градот, ем другар ти Петре Шилегов.

Но, види.
Јас не сум чула некој да умре од улично куче во Скопје, од оние опружени на плоштад на ноемвриско сонце, како што ги опишуваш.
Но, од др.страна, и тоа како сум чула и прочитала дека умреа еден куп деца и родилки откога СДСМ, Шилегов, Заев и Филипче се на власт. За претходно е апсолвирано, затоа и ВМРО паднаа.

Сум чула и за крвави убиства на Рузвелтова и во Аеродром , изрешетани луѓе од возила во движење, силувани малолетнички со пречки од службеници во Мин.за правда, претепани жени од нивни сопрузи, убиени деца во меѓуетнички престрелки.

Ох, секако тебе тоа не те интересира. Тебе ,,џукелите” ти се приоритет. Ама не оние кои на подземјето му служат за борби во темни подруми за пари, туку овие невиниве по населби кои се попаметни од пола власт.

Ти и покрај тоа, иако сакаш да те поимаат ко величина јеботе, се бавиш со ,,скопска хроника” !? На кое дереџе ти дојде.
Кај и да е, ќе почнеш и за стаорци да пишуваш, само да избегнеш и никако да гукнеш за вистинските проблеми на оваа власт, никако да ставиш во уста афери, сомнителни тендери, грантови на роднини, пријатели, владини советници, отпишување на 50 милиони евра долг на општини, воведување на нови даноци, покачување на акциза на нафта, повисоки цени, поголема сиромаштија….

Воедно, земи податоци од Инфективна клиника-90 отсто од угризите на луѓе од кучиња се од животни кои имаат сопственици, а само 10 отсто се од бездомни.”

(Посветено на сите улични ,,десперадоси”, на лепотицата Мила од Козле и сите бездомни кучиња кои ги прегази кола во овој суров град)

error: Content is protected !!