Friday , December 14 2018
Home / Дневна доза отровче / Во Карпош труе на саѓи, на разлетани цицки и шерифи кои не знаат да врзат чевли

Во Карпош труе на саѓи, на разлетани цицки и шерифи кои не знаат да врзат чевли

Во Карпош во моментов труе на саѓи, пластика, изгорена киселина.

Труе на неспособна Влада, на луѓе кои случајно дошле на власт и си играат држава, на градоначалници кои не знаат ни чевли да си врзат, личат на некои кои ги исфрлила поплава, а ветуваа #живот.

Труе на луѓе кои располагаат со локални буџети од 50 до 90 милиони евра, а ние појма немаме каде одат тие пари, а тие не знаат што со себе, камоли со нас.

Труе на платени и преплатени службени патувања, скапи хотели и курви, на кафани со разлетани цицки, тендери со провизии, фаќање под маса и кеш во плико за ,,да се нареди работата”. 

Труе на министри кои не знаат да врзат логична реченица на говорница, мислата им се прекинува на пола и дехидрираат бидејќи телото не им ги издржува лагите со кои не’ хранеа со години , на дилетанти, на получовеци со смрдливо минато и опскурна иднина, чиј крај ќе биде идентично лош како на Никола Груевски.

error: Content is protected !!