Monday , May 20 2019
Home / Култура/Сцена / Мис Хауба и Мис Робинка порачуваат : На прав маж треба да му се слугува

Мис Хауба и Мис Робинка порачуваат : На прав маж треба да му се слугува

,,Раскажувачката”

Пишува : //  Фросина Ѓорѓиоска

-Ааа, Фросе гледам дечко си фатила.
-Да, да.
-Ај со среќа нека е.
-Фала.
-Ама не е од Македонија, така?
-Не, не е. Од Италија е. Сега е тука во Македонија, кај мене на гости.
-Па, зошто не е сега со тебе?
-Затоа што јас сега сум со моето куче. Имам обврска да го прошетам.
-Па, дечко ти сега седи дома?
-Не седи. Ручек праи, додека јас се погрижам за кучево, пошо куче е обврска слична на дете.
-Ручек прави? Па како така? Тој е маж. Си му наредила да готви? Срамота. Тој треба да ужива, маж е.
-Па, ужива во готвењето.
-Ама како така? Не разбирам. Тој дома готви, ти си се шеташ. Ти треба да готвиш, тој нека шета – , ми вели госпожа Робинка Уплашенко, чиј маж и` го истура јадењето ако го пресолила и ја тера да праи ново додека тој у бела рамбовка и тегет тренерка со бели линии од страна, мези од салатата и ждрига, со нозете дигнати на табуретка.
Ако волот не добие ручек, таа ќе добие ќотек или психичка тортура спакувана во вид на навреда. Иначе Роби Уплашенко е од оние женчиња кои имаат средства за да се средат, ама не го прават тоа. Брк, трајна фризура, костумче со потпунки како учителка од времето на Тито, црна чорапа, такозвана доколенка и влакна под чорапата. Ама битно си лоша и си курва ако не милиш како неа. Ок, сите сме курви значи.
-Фала што ми кажа како треба да живеам. Да не беше ти од кај ќе знаев – , и велам саркастично.
-Ама, така е. Во право сум. Мајка ти не те научила ли дека жената во куќа треба да работи? Мажот ако сака да помогне супер, ако не, сама ќе си ги заврши работите.
-Извини, ама мене не ме учеле да бидам слугинка. А, исто мајка ми не ме учеше дека врвен дострел во животот треба да ми биде занимавање со туѓи животи.
-Ех, дека си многу модерна затоа дури од Италија фати дечко. Македонец, прав маж, не трпи вака. Се знае дека за мир у куќа на мажот треба да му се угоди.
-Супер, ај оди сеа дома и нека те истепа уште еднаш за му угодиш.

Случка број два со друга госпожа Мис Хауба ( заради фризурчето ):
-А Фрос, гледам дека пристигна дечко ти.

-Да, да.
-И како?
-Супер, еве јас до маркет, додека он се распакува.
-Аууу, па сам ли ќе се распакува? Ти си женско, ти треба да го распакуваш, да му ја средиш облеката.
-Јас имам две раце, исто толку има и тој. Не гледам причина зошто јас би го правела тоа. Мене никој нит ме пакува, нит распакува.
-Ама маж е, треба да му угодуваш.

Нервен слом у најава од вакви домаќинки кои ми кажуваат како треба и не ја капираат својата улога на слугинки во домот.
Во типично македонско семејство, жената има улога на јапонски робот кој работи под наредби, а мажот ужива во улогата на глинен ќуп у дневна соба.

Жени, ви се обраќам на сите. Дури и на оние таквите како госпоѓиве од погоре, кои мислат дека е нормално жената да е во потчинета улога во семејството и со гордост ја прифаќаат таа позиција на роб. НЕ! НЕ и НЕ! Никогаш повеќе не ја користете ни реченицата: Мажот ми, ми помага по дома. Тоа е навреда за вас. Мажот е рамноправен член во таа заедница, тој живее таму, а тоа значи дека обврските во домот треба да се подеднакво распределени помеѓу сите работоспособни членови.
Помош е ако некој кој не живее кај вас, дојде и ти помогне. Ако земал да спружи алишта не треба да му аплаудирате, затоа што тоа е нормална обврска. Во 21- ви век треба малце повеќе да се цените себеси. Единственото нешто што мажот не може да го направи е да го надои детето, а жената да го помести плакарот. Но, помеѓу овие два екстреми постојат секојдневни обврски кои треба заедно да ги извршувате.

Половата дискриминација на нашиве простори се гледа најмногу во домаќинството. После работа тој лежи и гледа ТВ, додека жената готви, пресоблекува деца, пере, мие садови, подгрбавена од товарот на нејзиниот живот, кој сама си го нанела, бидејќи го дозволила тоа, си легнува мртва уморна, додека мажјаков најаден и одморен, со надрвен кур ја чека за секс. Кој секс, бе, друже? Па, ти цел ден ја подјебаваш со тоа што имаш улога на паразит во домот и покрај цело домаќинство врз нејзин грб, ти сакаш и нозете да ти ги рашири.
Дури и повременото пазарење од продавницата која ти е на 100 метри го гледаш како нешто кое си го направил за жената. Не, ти тоа си го направил за вас двајца.

Жени, вградениот чип од страна на вашите мајки дека е ок ако си слугинка, исфрлете го за ваше добро, иначе ќе бидете уморни и несреќни до крајот на животот. Зошто кога се мажите прифаќате улога на слугинка? Колку само за да бидете мажени? Ако вие не се почитувате, друг никој нема да ве почитува. Што сакате да имате? Партнер или господар? Јас сакам партнер, рамноправен во сите домашни обврски, кој овде на овие простори не го најдов, го најдов во поцивилизирана земја од нашава, бидејќи процентот на таквите во Македонија е многу мал. Но, не прифатив ништо помалце од тоа кое мислам дека го заслужувам. Нека не ве плаши самотијата. Подобро сами на 40, 50 години, отколку со некој кој ќе ви лежи дома додека вие го давате последниот атом од вашата енергија за да го средите домот. Освен за расплод, таквиот машки примерок не служи за ништо друго.
И кога на паразитот нема да му пружите секс поради вашата физичка и ментална исцрпеност, тој ќе си фати и швалерка и ќе бидете вие криви за тоа, пошто не сте му давале. Ако домаќинството е речиси цело на ваш терет, треба да знаете дека вашиот дечко или сопруг не ве почитува и го боли курот за вас. Но, големи сте, си знаете, немојте после да ве чујам дека сте уморни и несреќни. Сте имале избор, лошо сте изиграле. Личноста која вистински ве сака, нема да дозволи да бидете слугинка во заедничкиот дом. Љубовта преку почитта и делата се изразува. Ружи и чоколадо може да купи секој, ѕвезди може да симнува секој и секој може да ве оплоди, но не секој може да ве респектира. Ако најдеш таков, тој да си го чуваш лепотице или терај сама со круната на глава.

🚫 Сите права се задржани. Забрането е копирање и кражба на авторски труд. Дозволено е споделување на социјални мрежи со оригиналниот линк. 

 

error: Content is protected !!