Friday , December 14 2018
Home / Скопска хроника / Родителите во паника : По втор пат се појави шуга во ОУ ,,Владо Тасевски”

Родителите во паника : По втор пат се појави шуга во ОУ ,,Владо Тасевски”

Втор пат годинава, родителите се во паника поради појава на шуга во основното општинско училиште „Владо Тасевски“ во Козле, по што надлежните повторно го испразиле училиштето и ги замолиле родителите да ги земат дома своите деца. Според информациите, ќе следува дезинфекција на просториите пред децата да се вратат во клупите.

Се огласи и Општина Карпош, во чие соопштение се вели дека е евидентиран е еден, изолиран случај на SCABIES – шуга.

-Инфективното заболување е присутно кај едно лице – ученик од второ одделение, а заради превентивни причини, сите ученици од утринава се ослободени од настава. Сакаме да ја известиме јавноста, учениците и сите родители дека нема простор за паника. Кај ниту еден друг ученик не се појавени симптоми на ова заболување, а во изминатиот период, Општина Карпош направи редовна дезинфекција на училиштето. Во текот на денешниот ден ќе се направи уште една, вонредна дезинфекција. Изолираниот случај на шуга, по втор пат се појавува кај истиот ученик, поради недоволна семејна грижа за личната хигиена – , информираа надлежните.

Одделението за детска, социјална и здравствена заштита при Општина Карпош и Центарот за јавно здравје веќе се во комуникација со матичниот лекар, специјалист – дерматолог кој констатирал SCABIES кај ученикот.

Редовната и непречена настава во училиштето ќе продолжи во понеделник.

Шугата е еден од најчестите заболувања на кожата. Паразитот влегува во човечка кожа по контакт со пациентот со шуга, преку својата облека и предмети за домаќинството. Инфекцијата со шуга и сексуален контакт.
Главниот симптом на болеста – силно чешање. Тој обично се појавува на крајот од месецот по инфекцијата и алергиска реакција на присуството на паразити во организмот.

error: Content is protected !!