Friday , December 14 2018
Home / Македонија / Општинарите од Центар повторно ја расплакаа госпоѓа Миланка

Општинарите од Центар повторно ја расплакаа госпоѓа Миланка

Општинарите од Центар, идентично како и минатата недела, и денеска ја расплакаа госпоѓа Миланка, долгогодишна продавачка на домашни производи на картонска кутија на ,,Партизанска” кај ТЦ ,,Буњаковец”.
А, па, браво дечки ! Ви нема рамни.

По ред. Што точно се случувало денеска во канцелариите на Општината по повод минатонеделното малтретирање на госпоѓа Миланка од агресивните комунални редари, кои, и` ги истурија производите на тротоар.

Госпоѓа Миланка вчера се слушнала телефонски со градоначалникот Саша Богдановиќ. Тој и` понудил да и` прати возач да се видат, но бидејќи не била во можност, во Општината пристигнала денеска со претставници од своето семејство.
Богдановиќ, кој вети санкции за редарите снимени со камера , но извесно е дека сака да ги заштити од бркање од работа, бил на службен пат, а неа ја пречекала извесна Шумкова, раководителка на инспекциски служби и лично одговорна, како и секретарката на градоначалникот.

Миланка се решила на нова средба со општинарите во надеж дека ќе добие барем извинување за изживувањето, но тоа не се случило.

Шумкова, веднаш почнала со испитување и прашања како да станува збор за обвинети на суд, на што реагирале членовите од семејството. Тие во еден момент ја предупредиле на тонот и односот, како што велат наши извори, но таа продолжила да ја напаѓа пензионерката Миланка со зборовите -,,вие сте прекршител на законот”. Меѓудругото, тврдела дека поседува изјави за ,,друга вистина” од очевидци, но ете, во тој момент-немала написмено.

За тоа време, членовите фаќале писмени белешки, на што добиле опомена дека тоа не смеат да го прават. ( ај, важи, Шумкова, ти ќе кажеш кој што смее, а кој не смее)

Атмосферата станала тензична. Шумкова почнала гласно да вели како е лута на медиумите, кои, според нејзини зборови, од сево ова направиле фама. Во еден момент, раководителката одговорна за редарите, станала нервозно од столче и си заминала од просторијата.

Секретарката на Богдановиќ се извинувала во нејзино име, а госпоѓа Миланка се расплакала.
Членовите на семејството заедно со госпоѓа Миланка, демонстративно, по повторниот инцидент, ја напуштиле Општината.

Наши извори велат дека двајцата редари, кои, насилно и` ги истурија производите, наместо само да напишат казна од 3.000 денари, се со иницијали Б.Ј и С.З.
Но, ниту Шумкова, ниту Богдановиќ, не ги обелоденуваат нивните имиња. Напротив, цело време ги кријат.

Јавноста за целиот немил настан дозна од случајни минувачи, кои, ем ги снимија редарите, ем раскажаа што точно виделе. Соседите од околните станбени објекти, Миланка, ја опишуваат како мирна и мила жена. 

error: Content is protected !!