Friday , December 14 2018
Home / Култура/Сцена / Пријави го копилето во полиција !

Пријави го копилето во полиција !

,,Раскажувачката”

Пишува : // Фросина Ѓорѓиоска

-Фрос, во хаос сум, овој мојов не се прибира дома со денови, го фатив  у ВЦ како се дрогира, а ден пред тоа го фатив со швалерка. Очајна сум. Не сака ни да го погледне детево. Сите пари за шмркање и за кафана ги дава. На детево му нема купено едно млеко, а знаеш дека заработува три пати повеќе од мене. Не го погледнал детево, ни да поигра со него, а малиов плаче за него. Душава ме боли и не знам кај да одам – , низ плач ми раскажува другарка ми Јана, која при двајца родители, само таа се грижи за нивното дете кое има проблеми со психичкиот развој, па работи со скратено работно време и од тие пари го одгледува детето.
-Јана, душо ајде да се видиме после на пијачка, вака по телефон не може се да си кажеме – , и` велам.

Излеговме, се замуабетивме. Ред џејмисон, ред солзи и многу редови горчлив муабет. Малиот го чуваше свекрва и`.
-Добро, зошто не се разведеш? Се` е подобро од ова што го трпиш.
-Фрос, кај да одам со 10.000 денари месечно, без сопствен имот и без родители? Дали да плаќам кирија или да го одгледувам детево со овие пари кои не стигнаат за пелени и храна? Џабе и факултетот и магистерските кога заради детево не сум во можност да работам? Дебилов, кој е запишан како мој сопруг во матично, само еднаш со кола го однесе неговото сопствено дете на лекар и за тоа ми побара пари за бензин. Е, тоа никогаш нема да му го простам. Наспороти сите швалерки и сите дроги, кога ми побара пари за бензин бидејќи го однел детето на лекар, ми ја скрши душава. Од неговите 40.000 денари плата, на сопственото тригодишно дете ли најде да му наплаќаш, бе, морону еден? И да се разведам ќе плаќа ниска алиментација бидејќи е пријавен на 12.000 денари, другите ги зема у кеш.

Голтам кнедли и ми се кине душава бидејќи за прв пат во животов не знам што да кажам. И` велам дека секогаш сум тука за неа, но не знам како да и` помогнам освен да ја ислушам. И тоа најмнгу ме боли, кога сакаш, а не можеш ништо конкретно да сториш за личност која ти е драга. Пари немам. Душа имам, ама тоа нема да и` помогне.

Седам и молчам, загледана во шанкот ко говедо на поило. Сите зборови ко да потонале во безизлезноста на најзиниот живот, додека погледот ми пропаѓа во дното од празната чаша. А, од внатре ме јаде бес. Бес дека сум немоќна нешто да сменам. Си велам во себе: ,,Барем детето да и` беше добро ” .
Нејзе ништо не и` велам, бидејќи тоа не е никаква утеха. Само ја гледам и се трудам да ги задржам солзите, бидејќи за оваа вечер доволни беа нејзините.

Откако излеговме од локалот, тргнав пеш накај дома за да си ја разбистрам и онака заматената глава од бистриот џејмисон. Одев пеш за да си ја олеснам душава од тешките муабети. Само што стигнав дома, еве ја пак ѕвони:
-Фрос, се скаравме, моронот ми се развика кај сум била волку доцна во 23 часот, гарант сум била со некој швалер. Кога му реков дека јас не сум ко него и дека и јас заслужувам да излезам од овие четири ѕида каде очајот и болката ми се единствени другари, ме дигна во раце и со сета сила ме акна од термо печката, а потоа ми удри шамар. И излезе. Ме боли кичмава, само да немам нешто скршено, ќе нема кој го гледа детево ако сум повредена-.

-Пријави го копилето во полиција.
-Пријавен е повеќе пати. Освен записници, никој ништо конкретно не преземал. Мојот случај стои во некоја фиока како и многу други.
-Дојди кај мене со малиот, барем соба можам да ти понудам. Можам и да му соберам од оние со многу мускули и малце мозок и да напраат да треба да вади нова лична карта. Можам да напраам да има супер фаца за на радио, ама тоа не е решение -.

Сакам да ги прашам сите татковци кои вака или на сличен начин се однесуваат со своето семејство:
-Не ви е жал? Пари за шмркање имате, ама немате за пелени за вашето дете. Кај ќе ви оди душата ако воопшто ја имате? Додека вашата жена со последните атоми енергија се обидува за ја одржи онаа заедница која треба да се вика семејство, вие ја дупите швалерката која и таа е мажена и го изневерува сопругот. Во современиот речник тоа се вика курва. Не бе срце, нека не те лаже мајка ти дека тоа е мажиште, пошто нели мама е секогаш во право. Мамино синче, мајка ти вели дека си љубител на опојни средства. Мајка ти и` вели на жена ти дека маж не се чува така со викање и префрлање. На маж му се ќутело и кога има швалерка. А на несовесен татко што му се прави? Се беси за муда на плоштад. Се кастрира за повеќе никогаш да не остави потомство. Таков примерок се нарекува донатор на сперма за без пари, бидејќи татко е преголем залак и незаслужен епитет.

Мене само едно не ми е јасно. Како овие амебоидни примероци, со пенис меѓу нозете, се вистински светци додека не ја оженат ,,жртвата”? Од 5 годишна врска, каде ,,на раце” ја носеше, овој и` кажал на другарка ми дека тој всушност цело време шмркал и бркал други жени, ама успешно се криел од неа, бидејќи сакал да ја ожени.
Како ви успева да одглумите брак? Зошто сте толку себични и уништувате туѓи животи? Дали во она црнило од душа што го носите во себе постои нешто што се вика совест? Зеници полни со прашалници, а одговори никаде. Се што можам да кажам како совет е:
-Бидете внимателни. Бидете селективни. Секое чудно однесување на партнерот преиспитајте го. Не е тоа параноја, како што се обидуваат да ви префрлат. Тоа е само претпазливост. Не сте вие напорни, туку тие се несовесни. Нека не ви ја префрлаат вината само за да се повлечете. Бидете внимателни пред да облечете бел фустан и одело. За вашиот живот се работи. Еден е. Нема уште еднаш да живеете. И пазете се од оние најмирните, најтивките. Во нив се будат најгласните демони.

error: Content is protected !!