Friday , December 14 2018
Home / Македонија / Ќе протестираме и нема да се прибереме дома додека не им дојде крајот

Ќе протестираме и нема да се прибереме дома додека не им дојде крајот

Луѓето стануваат поразочарани, гледаат дека нема иднина, бидејќи оваа Влада не може да понуди ниту подобар живот, ниту благосостојба. Гледаме само црнила. – , беше една од главните поенти од вечерашниот втор протест на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Протестот започна од штабот на партијата и заврши повторно пред Владата на Македонија, каде на присутните демонстранти им се обрати лидерот Христијан Мицкоски.
-Нема простор повеќе за шанса. Народот повеќе не ве сожалува, не сте вие жртви, вие сте негови ловци- , потенцираше тој, критикувајќи ја Владата на премиерот Зоран Заев за погрешни политички одлуки, монтирани апсења и судења на припадници на ВМРО-ДПМНЕ, заробено судство, руинирана економија, национално предавство на името, Уставот, идентитетот.
-Јас не сакам да зборувам за ,,името”, затоа што ме боли, ме пече. Не сакам да градам на ,,името” ни политичка, ни човечка кариера.- , рече Мицкоски.

Ги повика сите граѓани, без разлика на етничка припадност, да се придружат за уривање на Владата на Заев и доаѓањето на нова власт и луѓе кои ќе ја вратат Македонија на прав пат. Рече дека ќе работат три пати повеќе до конечно заминување на Заев на буништето на историјата, а потоа пет пати повеќе за да ја издигнат државата од работењето на оваа катастрофална власт.

-Имаме порази во секоја пора од општеството. Ќе платат и за лебот кој го поскапуваат, и за нечистата вода, и за загадениот воздух. Ќе протестираме против високите даноци, политичко мочуриште, сите политички и национални црнила, против промена на Уставот, името, идентитетот. Ќе протестираме и нема да се прибереме дома. Ќе им дојде крајот.- , порача Мицкоски.

Упати сериозни обвинувања на сметка на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за кого рече дека има материјали во фиоки за разни уцени.
Не ги поштеди судиите, ни обвинителите.
-Сакате да монтирате случаи, повторно сакате сите да судат по принципот на „Кацарска судството“, сакате сите да обвинуваат по примерот на „Русковска обвинителството“?  Но, не се тие двете толку храбри. Ќе дојде денот кога ќе ви го завртат грбот и истите тие ќе пропеат за сите нарачки и за сите уцени што им ги правите преку своите адвокати и тоа нема да ви го прости овој народ. – , рече тој.

Протестите продолжуваат секоја среда во Скопје, пред Владата на Македонија, а секоја сабота низ различни градови во државата.

error: Content is protected !!