Sunday , July 21 2019
Home / Дневна доза отровче / Бети ,,Прада” со Груби на кафе кај адвокатот Никола Тодоров

Бети ,,Прада” со Груби на кафе кај адвокатот Никола Тодоров

Поранешната министерка за култура од ВМРО-ДПМНЕ и сегашна пратеничка, Елизабета Канческа Милевска, денеска, беше забележана во населбата Капиштец заедно со пратеникот Артан Груби од ДУИ. 

Очевидци раскажаа дека двајцата ја напуштиле адвокатската канцеларија на поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, и потоа заминале со возило ,,ауди” кое го управувал Груби.

Екс министерката е веќе на обвинителна клупа како осомничена во процес на СЈО за проектот ,,Скопје 2014″, а пред два дена обвинение доби и Тодоров за финансиски малверзации од времето додека беше министер. 

error: Content is protected !!