Sunday , January 20 2019
Home / Македонија / МИЦКОСКИ ОД ПРОТЕСТ : Да се истражи криминалот на сите Влади

МИЦКОСКИ ОД ПРОТЕСТ : Да се истражи криминалот на сите Влади

Да се формира независна институција која ќе го истражи целиот криминал, на сите досегашни Влади во Македонија, побара вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред насобраните граѓани на третиот протест кој се одржа пред зградата на Владата на Македонија.

-И ние бараме владеење на правото, и ние бараме криминалот да биде казнет и секој кој се огрешил пред законот да одговара, рече вечерва тој, но под услов судството да е ослободено од канџите на СДСМ влијанија. Поинаку, не може да се зборува за реформи.

Обвини за партизирано судство и обвинителство. Како пример ја даде Наташа Габер-Дамјановска, нова директорка на Академијата на обвинители, сестра на Виктор Габер, советник на премиерот Зоран Заев и, како што рече – одговорен за редефинирање на историјата. Семејните и партиски врски не завршуваат тука. Неговата ќерка, продолжи тој, работи во државен секретаријат, а сопругата е член на Советот на Скопје од редовите на СДСМ.

-Нема кој да го отвори случајот ,евро за евро’, Глобал и други. Сите мора да се подведуваат на желбите на монархот, на Зоран Заев. Научени се да владеат со страв, притисоци, а да не работат- , потенцираше Мицкоски.

Македонија оди во неповрат, рече дека ја губиме државата, но дека ВМРО-ДПМНЕ и народот ќе ги казнат и ќе им пресудат на СДСМ за сите лаги, распродажби, парчосувања на Македонија.

Мицкоски испорача 6 барања од денешниот протест до Заев и Владата. Побара оставки од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, поради малтретирање на членови на ВМРО, упади во нивни домови и општо- неоткривање на криминал. Побара оставка и од министерот за надворешни работи, Никола Димитров, поради национално понижување и навредливата изјава ,,искомплексирана нација”.
-Тоа е истата нација која му го дава лебот, го школуваше. – , појасни Мицкоски.

Третото барање е повлекување на Законот за зголемување на даноци, кој ќе ги осиромаши сите категории на граѓани, враќање на гасификацијата како приоритет против загадувањето, Комисија за истрага на прислушувањето во обвинителство, како и почитување на волјата на граѓаните кои се изјаснија ,,против” на референдумот.

-Било, повеќе да не се повтори. Да се обидеме да спасиме она што остана од Македонија. Да го спасиме македонското во Македонија-македонското име и идентитет.- рече тој.

На забелешките дека само критикува како лидер на ВМРО-ДПМНЕ, уверуваше дека имаат решенија за спас на државата и тоа ќе го докажат на дело.
Притоа, го повика Заев на предновогодишен тв дуел, а желбата за место, телевизија, водител-новинар и емисија, му ја препушти нему.

error: Content is protected !!