Sunday , March 24 2019
Home / Скопска хроника / Шилегов ќе го гради ланскиот Луна парк, а и пак ветил ПП скалила

Шилегов ќе го гради ланскиот Луна парк, а и пак ветил ПП скалила

Ставки во Буџетот на Град Скопје за 2018 година

Скопскиот градоначалник, денеска, на седница на Совет на Град Скопје, го образложувал Буџетот за 2019 година. Тој ќе тежи 72 милиони евра. Од она што го изјавил може да се заклучи дека пак ќе ги купува скалите за Противпожарната бригада од 60/70 метри, кои, ги вети лани. А, и ќе го гради истиот Луна парк, кој, го најави со ланскиот Буџет. За потсетување, Шилегов, претходно ја сопре изградбата на забавниот парк, која ја почна Коце Трајановски и беше во речиси завршна фаза. Сума сумарум, веќе 2 години, метрополата е без  никаков Луна парк и е целосно нејасно што планира Шилегов и кои му се намерите околу овој проект. 

Поинаку кажано, човекот, мал милион лански задачи, кои, не ги реализирал, си ги одложил и си ги префрлил за 2019 година. Со тоа не ги потрошил финансиите докрај и парите ги префрлил за 2019 година. 

Ставки во ланскиот Буџет за изградба на Луна парк и набавка на реквизити

Град Скопје, го нема обелоденето Буџетот на својот службен сајт, па не можеме уште да видиме дали Шилегов предвидел пари за нови електро автобуси, кои, не ги извади од уста, а кинеските и украинските му скапуваат по депоа, бидејќи не се редовно сервисирани согласно дефектите. Според цените на пазарот, еден електро бус чини околу 500.000 евра. Секако, чекаме да видиме и дали предвидел пари за тунелот под Кале, Зиплајн и мостот преку Вардар во Аеродром, исто така негови ветувања за следната година. 

 

error: Content is protected !!