Sunday , March 24 2019
Home / Македонија / Протест на ВМРО-ДПМНЕ : Провизијата за криминални тендери е 15 отсто и се договара во хотел

Протест на ВМРО-ДПМНЕ : Провизијата за криминални тендери е 15 отсто и се договара во хотел

ВМРО-ДПМНЕ очекува победа на претседателските избори, а со тоа распишување на вонредни парламентарни избори.
Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, вечерва, од четвртиот протест пред Владата, обвини за наместени анкети во корист на СДСМ, но дека ќе се уверат во спротивното за брзо време. 
Рече дека на следните избори, владеачката партија, ќе го почувствува гневот на народот, поради погубната политика која ја водат на секое ниво – национално предавство, разнебитување на Македонија, повисоки даноци за сите граѓани, нови кредитни задолжувања од 350 милиони евра, партиски вработувања, инсталирано и партизирано судство, политички прогони на вмровци, наместени тендери, криминални провизии…

-Овој СДСМ е последен остаток од транзицијата и многу брзо ќе оди во темната историја и на буниште. – , порача Мицкоски.

Тој, лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, го нарече ,,африкански монарх” кој владее криминално.

-Се знае колку е провизијата за тендери ,,во четири очи”. Се движи од 5 до 15 отсто и се договара во еден ресторан/хотел во Југоисточна Македонија. Криминалците ги интересира само кешот. А, ветуваа ќе ги врателе парите кај народот – , рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Повторно го повика Заев на предновогодишен дуел, а ги повтори и шесте барања до Владата – оставки од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, поради малтретирање на членови на ВМРО, упади во нивни домови и општо- неоткривање на криминал и убиства, како и оставка од министерот за надворешни работи, Никола Димитров, поради национално понижување и навредливата изјава ,,искомплексирана нација”.
Третото барање е повлекување на Законот за зголемување на даноци, кој ќе ги осиромаши сите категории на граѓани, враќање на гасификацијата како приоритет против загадувањето, Комисија за истрага околу прислушувањето на обвинители и судии, како и почитување на волјата на граѓаните кои се изјаснија ,,против” на референдумот.

error: Content is protected !!