Sunday , July 21 2019
Home / Сечено-лепено / ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ВИКАН ТРИ ТОЧКИ…

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ВИКАН ТРИ ТОЧКИ…

Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, според статусите на социјалната мрежа Фејсбук, има вечно незавршена мисла. Веќе година и половина, никако да си ја собере мислата и да ја оконча со точка на крајот од реченицата.

Некој можеби би помислил дека човекот е вечно неискажан, несфатен, збунет, дека му требаат пет мандати да се пронајде. Но, мое мислење е дека тој не може да пронајде зборови за да опише што чувствува откако сфати дека градоначалничката функција барала работа, а не нозе на астал. Секако, за тоа време викендичката во Маврово се гради со полна пареа, во сопствениот луксуз човекот не потфрла. 

Во тој контекст, останува гласачите да му ја завршат мислата еден ден. Со точка. Нему, и на неговата партија. Така е редот на избори, кога ветувањата се празни, неисполнети и не вредат пет пари по одредена временска дистанца. 

error: Content is protected !!