Thursday , April 18 2019
Home / Македонија / Дијаспората со донации ќе го уредува руглото кај домот ,,Гоце Делчев”

Дијаспората со донации ќе го уредува руглото кај домот ,,Гоце Делчев”

Македонските граѓани, кои, живеат во иселеништво, а се дел од организацијата ,,Форум за демократска Македонија”, организираат донаторска акција за разубавување на запуштениот парк во рамки на студентскиот дом ,,Гоце Делчев” во населба Тафталиџе.
Планираните средства за подигање на ново зеленило и уредување на просторот се во висина од 3.000 долари. Веќе се собрани една третина од парите за ,,Паркот на дијаспората”, односно 858 долари.

Повеќе информации за донаторската акција на линкот :

https://www.gofundme.com/park-of-the-diaspora-skopje

-Ајде да и подариме на нашата татковина нешто што постојано ќе расте и ќе носи позитивни ефекти – нова зелена оаза во Скопје. Да го заживееме запустениот простор околу студентскиот дом “Гоце Делчев”, во кој генерации млади луѓе живееле и студирале, за потоа во многу случаи да заминат на некое далечно место – како и ние – но кои што сакаат да и помогнат на татковината. – , се вели во повикот.

 

Првата фаза од уредување на ,,Паркот на дијаспората” се планира за оваа година. Со секоја наредна, иселениците, ќе го прошируваат и надградуваат, со цел да покажат дека секој позитивен чекор, колку и да е скромен, може да значи битно подобрување.

Реализацијата ќе биде во соработка со стручни лица кои што ќе помогнат во дизајнот на одржлива зелена површина. Меѓу нив е и Деканот на Шумарскиот факултет, кој заедно со свои студенти е спремен да се ангажира во сите фази на проектот. И од Град Скопје веќе дале прелиминарна дозвола за овој парк.

-Она што ни преостанува е да собереме средства до почетокот на пролетната сезона за садење. Како секоја гранка на едно дрво, како и секое дрво во еден парк, секој прилог во оваа акција ќе биде дел од нешто поголемо – нов зелен простор за студентите од домот ,,Гоце Делчев,” но и за сите граѓани. Овој наш подарок нема само да го разубави, туку и суштински ќе го подобри урбаниот простор – со секое ново дрво што ќе го прочистува воздухот. – , потенцираат од ФДМ и повикуваат секој иселеник да донира, колку може во моментов, и да поттикне свои пријатели на други места по светов да го сторат истото.

Исто така ги повикуваат и другите иселенички организации да го поддржат овој проект.

error: Content is protected !!