Wednesday , September 18 2019
Home / Дневна доза отровче / Жеки залеган покрај камин- Дали ме побара, а што правиш со љубовта ?

Жеки залеган покрај камин- Дали ме побара, а што правиш со љубовта ?

Дали, вчера и денеска, некој го побара Жеки ? Не ? Никој !? Ох, штета. Пати изгледа пустиот покрај камин, со вино – од шише. Барем таков е впечатокот од напишаното. Дека некого чека, а никако да дочека повик.
Срцка, мУУУри тој. Баш ми е жал. До толку, ако побара, ќе му отвориме со заеднички сили една донаторска линија ,,Сите скршени срца од Боемска до Катланово” и пак ќе му го довлечкаме Ѕвонко Богдан, ако треба, да му ја пее :
,,ko te ima taj te nema,
ko te nema taj te sanja,
ko te sanja taj te ljubi,
a ti o tom pojma nemaš.”

А, што правите со љубовта, дали ја роните со друг ? Изгледа – да. 
Да се надеваме дека ќе ни обелодени како си поминал и за кого е наменет статусов.

Туку, наш Жеки, замеников за надворешни на Зоки Заев, не се замара со лажни вакцини, украдени пензии, загаден воздух, социјала, бездомни, умрени, болни, сиромашни.
Он, брате, си збори за љубов по статуси. Се залегал, патетичен, покрај камин некаде кај Катланово, со вино и си дрви за романтики, за камин, снег, за вино. Онака, лабавко, среќа не се сликаше гол во када. Тоа ќе ни дојдеше премногу. 

А, што ќе се замара !? Ние го плаќаме за да го гледаме покрај камин, откако потроши за тендери околу 1,5 милиони евра за две прцуљ ,,боемски” улици, најскапите во историја на Македонија, док беше градоначалник на Центар. 

Заев нек се замара и нек се поти за сите овие.

error: Content is protected !!