Thursday , April 18 2019
Home / Македонија / Криминалот во ПИОМ е стар 4 години, што правеше Царовска досега ?

Криминалот во ПИОМ е стар 4 години, што правеше Царовска досега ?

 

 

 

 

Криминалот и финансиските малверзации со милиони евра, пари од вториот столб на пензискиот фонд, е стар речиси 4 години. За тоа сведочат насловите во македонските медиуми, кои, уште во 2015 година ја информирале јавноста и власта за тоа.  Во 2015 година станувало збор за 13 милиони евра, а вчера, според последните информации-Владата треба да покрие ,,дупка” од 19 милиони евра. 


Медиумите, своевремено, побарале одговорност од сите одговорни лица, инволвирани во овие незаконски дејствија – од министер за финансии, труд и социјална политика, до заменици, директори, надзорни тела за пензии.

Медиумите во изминативе години зеле безброј изјави и направиле многу прикаски за  дупката од милиони евра во ПИОМ, како и за непрефрлувањето на парите од државниот во приватен столб на 400.000 осигуреници. Но, случај не бил отворен. 

И ете, дури во јануари 2019 година, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, реши да отвора ,,нов” криминал, да измислува топла вода, четири години по обелоденување на криминалните дејствија во ПИОМ.
А, веќе, пустата, две години е на власт. Сосе оној министер за финансии, Драган Тевдовски, кој денеска се шокирал од информацијата на Царовска. Ништо не знаел човекот, така рекол. А, раководи со државен Буџет. 

Прашањата до Царовска се :
1. Дали и кого штитела две години од доаѓањето на власт ?
2. Како е возможно 10 години приватните фондови да молчеле дека не им се префрлаат пари во втор столб без преќутен договор со минатата и оваа власт?

error: Content is protected !!