Thursday , April 18 2019
Home / Македонија / Писмо до Адеми:Иселениците од ФДМ ја напуштија работната група за Национална стратегија

Писмо до Адеми:Иселениците од ФДМ ја напуштија работната група за Национална стратегија

Форумот за демократска Македонија (ФДМ), во која членуваат македонски иселеници, се повлече од работната група за изготвување на Националната стратегија за соработка со дијаспората и се оградува од нејзината содржина. Стратегијата ќе оди на јавна расправа без конечниот нацрт да биде претходно доставен до ФДМ, по што оттаму целосно се оградуваат од нејзината содржина.
Писмото е испратено до координаторот на работната група за изготвување на Националната стратегија за соработка со дијаспората во кабинетот на министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми.

-Во изминатите две години, изградивме и ќе продолжиме да ги негуваме одличните односи со министерот Едмонд Адеми и сметаме дека министерот со својата работа ги продлабочи врските меѓу дијаспората и матичната земја и дека овој курс ќе продолжи понатаму.
За жал, процесот за креирање на Националната стратегија, особено во поглед на соработката со Форумот како една од организациите на дијаспората (чинителите), од наша гледна точка покажа низа недостатоци како неефикасност, нетранспарентност, несоодветната комуникација, непрофесионален пристап како и неискористување на нашите доброволно понудени капацитети (знаење, вештини, искуство) иако тоа е една од клучните заложби на стратегијата. Уште поважно, добивме впечаток дека стратегијата не внесува суштински реформи во насока на поголема ефикасност и ефективност во соработката со дијаспората. – , се вели во соопштението до јавноста.

Одлуката за повлекување е донесена по подолга дискусија и осврнување на придонесот на ФДМ кон Стратегијата.
Заклучокот бил дека учеството во работната група е претворено во симболично и дека нема причина и понатаму да се остане во неа.
Форумот останува посветен на продлабочувањето на врските меѓу дијаспората и Република Македонија и поддржувањето на процесот на демократизација на земјата.

error: Content is protected !!