Wednesday , September 18 2019
Home / Сечено-лепено / БЕСРАМИЕ: На Груевски, Македонија му била љубовна приказна

БЕСРАМИЕ: На Груевски, Македонија му била љубовна приказна

На екс премиерот на Македонија, Никола Груевски, кој веќе неколку месеци е пребеган во Унгарија, Македонија му била љубовна приказна. На човека му доаѓа да излезе од патики кога го чита ова бесрамие!!!

Ја сакал Македонија-се` и` зема, ништо не и` даде, остави зад себе очај, жолч, кредити, долгови, криминал, подземје, изневерен народ, пријатели, соработници, но ете – зел да зборува за љубов, како сериозно да знае што е тоа ,,војводава”, кој преку диви и легални премини избега во друга земја, за да не лежи казна затвор.

Болка и љубов му била Македонија, вели во неговиот трет статус денеска. Се раскости од пишување писанија кои се жива досада за читање. Во првиот статус, го честиташе протоколот за влез во НАТО. 

Нешто од типот на муабетот на Фезлиев од драмата ,,Црнила” од Коле Чашуле – ,,Ги држиш цицките на Неда, а мечтаеш за слободата на Македонија”. Па, така и нашиов Никола, ја сакал Македонија во азил, но до себе ги мази и бакнува картичките со милиони евра. 

 

error: Content is protected !!