Sunday , March 24 2019
Home / Сечено-лепено / Талат за Павле Богоевски сега е ,,талат”, а ДУИ стана ,,дуи”

Талат за Павле Богоевски сега е ,,талат”, а ДУИ стана ,,дуи”

За пратеникот Павле Богоевски, Претседателот на Собранието од ДУИ, Талат Џафери, од денеска е ,,талат џафери”. Претажно !  А, ДУИ, коалициониот партнер на СДСМ, тој во своите статуси го пишува со мали букви- ,,дуи”. Идентично како што го именува ,,вмро”. Со таа разлика што Павлево, избран од пратеничката листа на СДСМ, го гласаше Талат Џафери. 

Туку, не сме знаеле каква драматична фигура бил ,,апостолов” Павле, кој, до завчера со должна почит и со торти, конфети и балони се понесуваше кон Џафери. Дотолку драматичен да може да му позавиди дури и една Глорија Свансон од ,,Булевар на самракот”. 

Останува да видиме колку ќе издржи со малите букви. Ден, два, три ?

Во продолжение погледнете ги неговите преклански статуси. 

error: Content is protected !!