Wednesday , June 19 2019
Home / Скопска хроника / Паркот ,,Македонија” сув како пустина, вода тече по улица

Паркот ,,Македонија” сув како пустина, вода тече по улица

Парк ,,Македонија”, улица Теодосиј Гологанов, Козле- денеска. Вода од црево, приклучено на хидрант, се излева од тревник и тече по улицата. Чиста вода од Рашче се арчи пред напи очи, иако пред некој ден беше ,,Светски ден на водите”, а градоначалникот Петре Шилегов не пропушти да се слика со чаша вода.

Според годишните извештаи секоја година, загубите на ,,Водовод и канализација” се движат и до 60 отсто на годишно ниво, а тука влегуваат меѓудругото системски загуби и нерационална потрошувачка. Станува збор за произведена, но нефактурирана вода.

Иако во овој парк има систем ,,капка по капка”, тревата е жолта, а земјата околу новозасадените дрвја – сува, бидејќи се неполеани. Тоа може да се забележи и од денешните фотографии.

Паркот, првиот и вториот дел, го изгради минатиот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски. 

error: Content is protected !!