Wednesday , June 19 2019
Home / Македонија / Македонија гори, Аднан пие кафе

Македонија гори, Аднан пие кафе

Додека во земјава беснеат пожари на петнаесетина локации, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џафероски, вчера, културно си пиел кафе со Едмонд Адеми, министер без ресор. Разбираш, Блажо. 

Дотерани, чисти, неизвалкани. Сигурно биле на терен, каде дури и цивилното население гаси и помага, па затоа вака испеглани, избричени и стерилно чисти изгледаат на фотографијава. Утринско еспресо, три точки, па – ,,културно” со емотикон (намиг). Оф, намигнуваат луѓето. А, што значат трите точки, Адеми ?  Нешто се случило измеѓу еспресото и културата ?

И се сликале луѓето, се ставиле на Фејсбук, како да е нешто најнормално да кулираш во летна бавча на некое кафуле и да тераш еспресо саботни ,,шеми”, додека неповратно ти горат шуми, национални паркови, се евакуира население, кое, патем – не знае каде му е главата.

Можеби сепак одговорот за ваквото однесување е кај нас – гласачите. Овие двајца сметаат дека им е дозволено да пијат кафиња и да се фоткаат, додека пепел се стори земјава.
Дали премногу сме им дозволиле на овие луѓе ?! И до кога ?

error: Content is protected !!