Wednesday , June 19 2019
Home / Култура/Сцена / Алаѓозовски ,,падна” од лимузина на точак

Алаѓозовски ,,падна” од лимузина на точак

Роберт Алаѓозовски, екс министерот за култура, кога беше на висока функција, многу милуваше да се вози во владини автомобили. Додека беше министер со службен возач, еднаш дури блокираше улица со автомобилот, а зад него други автомобили и луѓе мораа да го чекаат министеров да стави торба во багажник и да се разбере со неговото дете.

Алаѓозовски, веќе една година е некаков си советник на премиерот Зоран Заев. Ги има веројатно 50-на, кој да ги памети, кој за што е, за овој знаеме дека му е сограѓанин од Струмица.
Туку, откако е без шофер и лимузина, човекот ,,паднал” на велосипед. Еве, денеска, луѓе го фотографирале на ,,Партизанска”. Не си веќе министер и одма е подруго – удираш на штедење, пошто бензинот сам мора да си го плаќаш.
А, и избори се додуша. Знаете како е.
Еве, скопскиот градоначалник Петре Шилегов, никако да го симнеме предизборно од тротинет. А, претходно, година и пол, никако не можевме да го извадиме од кола, камоли да го видиме на велосипед или во бус.
Слабо, ,,рокери са вардара”. Обидете се со нешто вистинско. На пример, да поработите, без да ви се укажува секој ден, 24/7, колку сте мрзеливи и неупотребливи.
Градов е валкан на секој чекор, утепан, згаснат во секој поглед, особено без потребната инфраструктура за велосипедисти и пешаци, без чист воздух и соодветен еколошки транспорт, па најблаго кажано – ви личи како пеплосаната Фукушима после нуклеарната експлозија. 

Повеќе за ,,ликот и делото” на Алаѓозовски, додека министеруваше и се возеше во лимузина, на следниот линк :

Паркиран среде улица за да влезе Алаѓозовски-ослободителот на Скопје

error: Content is protected !!