Wednesday , September 18 2019
Home / Скопска хроника / Запалени гуми го опожарија Кејот во Карпош 4

Запалени гуми го опожарија Кејот во Карпош 4

Намерно подметнат пожар зафати дел од зеленилото на Кејот на Вардар во Карпош 4, зад салата ,,Борис Трајковски” и се шири, информираат граѓани на социјалните мрежи, дел од групата ,,Заедно за заштита на Карпош”.

Црниот чад со часови се издига од овој реон, а миризбата е неподнослива – на запалени гуми и друг хемиски материјал.  Не е првпат, несовесни граѓани, да палат гуми на Кејот. Низ годиниве, на оваа локација, постојано се забележуваа депонии и палежи кои екстремно го загадуваат воздухот, но властите оваа појава не ја спречија.  Станува збор за диви собирачи на стари гуми и друг недозволен материјал, кои, откако ќе го земат она што им е потребно за продажба од отпадните материјали, остатоците – ги палат на отворено. 

error: Content is protected !!