Wednesday , June 19 2019
Home / Скопска хроника / Пожарот на Водно изгаснат, жртви нема, спасен шарпланинец

Пожарот на Водно изгаснат, жртви нема, спасен шарпланинец

Пожарот, кој вечерва, зафатил викендичка на Водно е локализиран. Противпожарната бригада интервенирала со три возила во реонот над болницата во Козле, жртви нема.  Куќата била празна, немало луѓе во време на избивање на пожарот. Единствен жител бил  песот-шарпланинец кој ја чувал куќата и кој пожарникарите го спасиле.


Жители на населба Козле раскажаа дека дрвени куќарки (шупи) над куќата изгореле, пламенот зафатил дел и од блиската околина, но за среќа навреме бил изгаснат и не зафатил дел од околни објекти и шумата.

error: Content is protected !!