Thursday , April 18 2019
Home / Дневна доза отровче / ШТО НАУЧИВМЕ ОД КАМПАЊАТА ? Последниот преживеан од ,,Титаник” бил Македонец и се викал Стојко

ШТО НАУЧИВМЕ ОД КАМПАЊАТА ? Последниот преживеан од ,,Титаник” бил Македонец и се викал Стојко

ШУ НАУЧИВМЕ ДОСЕГА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА КАМПАЊА 2019 ?

1. Кочани е во Кичево, а Неготино е во Кавадарци. И пак. Кавадарци е во Неготино, Кичево во Кочани.
Затворете очи. И почнете да пеете.

,,Кочаааниии, мој роден крај
во тебе сум роден
за мене си рај.

Кичееево, мој роден крај,
јас те сакам од срце знај.
Неготиино мој роден крај,
јас те сакам, за тебе пеам.”

2. Кога ќе фрлите сидро од брод, гледајте да не тргнете кон ,,Бихаќка”, Костадин ќе ве сочека со кафе и ќе почне да ви зборува за мајка му како била единствен кандидат за вработување во Централен регистар во Струм’ца, но ете си дала отказ најпоштено, откако јавноста го фати за муда.
Поштени луџе.

3. Кога ќе не` застане полиција, одма треба да ја ставиме на ревер ,,ружичката” со лого на СДСМ. За да бидеме поубедливи и да не ни пишат казна, задолжително да го размафтаме СДСМ озонерот на ретровизор со мирис на ,,покошено сено”.

4. Ако не победи Стево да не му се појавуваме пред очи. Пардон, пред ,,југото”. Не е познато на што се` е способен во афект.

5. Добро е да вежбаме јога, само да најдеме некое езеро во маало. А, може и да послужи канцеларијата на Петрета Шилегов, се си мислам празна е, жива тишина е внатре, пошто никој ништо не работи.

6. Последниот преживеан на ,,Титаник” бил Македонец и се викал Стојко од Галичник и преживеал благодарение на питата кашкавал, голема колку главата му, која ја носел на бродот за братучед му Џорџи во Чикаго.

7. Ако ви се појави Стево пред врата, со запалка и пенкало, извадете некоја песна од подрум што сте ја напишале во 2 одделение, со цвеќенца, пролет и ластовички, ќе ве ислуша концентрирано и ќе ви даде и аплауз уште одозгора. До толку е амбициран да го гласате. А, можеби и ќе ве земе советник во кабинет со тој стадиум на знаење.

8. Ако ви се појави Зоки на врата, прашајте го што стана со парите на Грујо кои ќе ги враќаше на народот. Можеби по ,,брза пошта” му стасале сами, шу знаеме !?

error: Content is protected !!