Wednesday , September 18 2019
Home / Дневна доза отровче / ШОУТО ПРОДОЛЖУВА : Костадин да ја отсвири на фрула ,,Не ми ја гибајте жицата македонска”

ШОУТО ПРОДОЛЖУВА : Костадин да ја отсвири на фрула ,,Не ми ја гибајте жицата македонска”

Што може да прават партиите до крај на претседателската кампања, а да бидат на ниво на досегашната задача, да не изгубат во темпо и да бидат екстра позабавни на гласачите :

1. Да го тргнат Костадин од пред штабот на ВМРО и да го довлечкаат во недела, пред Влада, да ја отсвири на фрула легендарната зокијева – ,,Не ми ја гибајте жицата македонска”. Пардон, жицава за алишта, по некој месец стана северномакедонска. 

2. ВМРО да ја најмат Сораја да држи говор за женски права и семејни вредности плус да ја изигра на шипка ,,Ела, да те питам, бабо”.

3. Зоки да се преоблече во Елвис и да го викне Елвис на Амди, па на бина заедно да ја запеат ,,Ај кент хелп фолинг ин лав вит ју”.

4. Цветка Ласкова нек ги собере сите жени од  тоа нивната женска сдсм дружина и нек го соблечат Стево на бина, да ја видиме таа градба волшебна накај дивоградба, во делот на куковите

5. Наум од ВМРО, по тренерки, нек земе да го шета кучето и мачето на Гога на бина, да се извадат колку-толку за глупиот спот со влечење овци и кози

6. Тунте нек прелета со авион и нек пушти летки – ,,Зоки Броз Тито, мие те искаме”. А, потоа нек слета во нивата на Бихаќка каде одгледуваат пиперки за ајвар

7. Мира Дизел нек ја стаат во заклучена кола, да видиме дали може да излезе за 15 минути од резервоар без притоа да ја вработи преку мобилен пола фамилија

8. Кирац обавезно да го викне дедо му на бина да видиме дали знае да смени гумичка од чешма или бил избран со врски ко алатничар во тоа фирмата на ЕЛЕМ.

9. Јани Макрадули нек стои ко раззеленето дрво на бина, цели два часа. Без вода и храна.  А, Петре, нек го полива.

10. Гога нек изведе стенд ап викан ,, А, бе, нема да ја викам Северна, само понекогаш”.

 

error: Content is protected !!