Monday , May 20 2019
Home / Скопска хроника / Командирот на скопска Пожарна гаси пожар во Вардариште по жолта тренерка

Командирот на скопска Пожарна гаси пожар во Вардариште по жолта тренерка

Овој типов на сликава со жута тренерка-дукс и жутљак ,,полумонтка” е командирот на Противпожарната бригада – Скопје. Ако ви се веруе !

Па, се истопорил уште одозгора и на тв да дава изјави, ваков одомаќинет по влечки и тренерка. 

Се викал Владимир Симоновски, го поставил Петре Шилегов и на активна работна задача на депонијата Вардариште која цел ден гори, место со униформа, дошол со нешо шо личи на облека од цртан филм, оној цртанион со којотот, а не со службена облека, која му е должност, бидејќи бригадата е нешто како војска.

Имам три претпоставки зошто дошол чоеков со жута тренерка на работно место, ко прав професионалец :

1. Чул на Фешн телевизија дека оваа пролет жуто е у мода, а промискутитетните комшики у зграда го сметаат за модна икона, па сакал да ги изненади на Сител, а и да ги едуцира шо е тоа скопска ,,мода”
2. Пиел пиво пред кооперација у маало ко му јавиле дека гори Вардариште, па го мрзело да се пресоблекува, башка више се договорил со Џоле од зграда ко ќе се врати да свртат табла кај Мирјанчич у стан
3. Униформата му е на хемиско, а вработената отишла да гласа за Стево, па успут хладњакот од колата и` се сјебал, она се изнервирала, отерала и три лепе и хемиско и се` и зела летен одмор до даљнег.

Него, сеа сериозно.
Пожарникари со три противпожарни возила интервенираат во гаснење на пожарот што доцна попладнево изби во Вардариште во населбата Ново Лисиче, информираше МИА.

Од Противпожарната бригада претпоставуваат дека најверојатно пожарот е подметнат од несовесни граѓани.

А, командирот Владимир Симоновски има искуство од 18 години во Противпожарната служба, ама на аеродромот во Скопје. Не бил никогаш вработен како пожарникар во скопската Пожарна.

error: Content is protected !!