Sunday , July 21 2019
Home / Македонија / ФДМ: Очекуваме Пендаровски да биде коректор на Владата

ФДМ: Очекуваме Пендаровски да биде коректор на Владата

Форумот за Демократска Македонија (ФДМ), натпартиска организација на иселеници од Македонија, изразува задоволство од организацијата на фер и демократски претседателски избори во земјата и го честита изборот на новиот претседател на државата, Стево Пендаровски.

,,Овие избори покажаа дека мнозинството од гласачите го избраа и потврдија патот кон иднината кој го трасираше Владата и нивниот кандидат. Истовремено, тие упатија сериозно предупредување за потребата од итни и неодложни промени во начинот на владеењето на актуелната владина коалиција.”, се вели во нивното соопштение до јавноста. 

ФДМ, очекува Стево Пендаровски, да биде претседател на сите граѓани, да работи на обединување и заедништво на граѓаните, но и да биде поттикнувач и коректор на владата во остварување на сите реформи кои таа ги вети пред и за време на изборите.

error: Content is protected !!