Sunday , July 21 2019
Home / Македонија / ЧЛЕНСТВОТО ДО КИРАЦО : Избркајте ги вмровците, вработете не` нас

ЧЛЕНСТВОТО ДО КИРАЦО : Избркајте ги вмровците, вработете не` нас

На неодамнешниот статус на генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, на неговиот ФБ профил, членови и разни симпатизери го истурија своето незадоволство од партијата.

Доминираат коментари за лошото работење на Владата, но сепак многу од нив се однесуваат на неисполнети лични интереси и желби – вработувања во државни институции. Од коментарите, јасно се сфаќа дека врвот на многууууумина им ветил државни вработувања, а исполнил малку – во најголем дел профитирале за себе и свои роднини.

Дотолку се нервозни сдсмовците од своите партиски идоли , да отворено му порачуваат на Кирацовски да ги избрка вмровците, за на нивно место да вработи партиски послушници. Во спротивно, се закануваат дека нема вечно да ги слушаат.

Вистинското прашање, откако човек ќе ги прочита сиве овие луѓе е – каде мисли да ги вработи Кирацовски и СДСМ сите нивни незадоволни гласачи ? Бидејќи, добро е познато дека администрацијата е пребемна и прегломазна, потребно е намалување, Владата треба да се насочи кон стимулирање на приватен сектор, а не да ветува уште одозгора нови и ноови вработувања на државни јасли и дополнително да го оптеретува Буџетот, кој им го полниме на СДСМ и ДУИ со покачена акциза на нафта и повисоки даноци.

Не сме Ватикан со злато во подрумите, ало, Кирацовски ! Есапот е следен, кој и следен пат нема да ви излезе на пазарот – СДСМ има членство околу 80.000, исто толку и ВМРО-ДПМНЕ. А, гласачкото тело е 1,8 милиони гласачи. Па, ти пресметај сам со Заев дали ќе водите држава или ќе исполнувате штапски желбички, ,,сексови”, каприци и други моронштини,  и така некако ќе го револтирате уште повеќе народот. 

error: Content is protected !!