Дневна доза отровче

Замир Мехмети утепа гу Павле : ,,На протестите се створи како политичар”


Замир Мехмети, еден од активните учесници за време на студентските протести, а потоа и  дел од ,,Шарената револуција” против владеењето на Никола Груевски, денеска, ни откри дека пратеникот Павле Богоевски се појавил на протестите како политичар и тоа за Замира било несоодветно !? Ама, сега му текна да ни каже.

Чек, малку, Замире. Кочи тука. 
Како тоа се појавил како политичар кога за тие протести, невладините организации, тврдеа дека се чисто граѓански, а Богоевски, во тоа време, работеше во ЛГБТ центарот и тврдеше дека не е дел од никаква партија, односно е граѓански активист. Јајцата ги отече на пола Македонија дека за време на протестите бил невин т.е. не работел во исто време и за СДСМ, за да ги заблудува граѓаните !
Дури едно време од петни жили докажуваше како ниедна партија не му понудила ништо, никакво место по избори.

Туку, Замир, изгледа ти си знаел за Павле многу нешта и за време на протестите, не ? Чим си го сметал за политичар, нешто дефинитивно си знаел.
Па, ете, сега несмасно ти излета.
Оф, мори.

Туку, за неупатените, Замир е брат на Ермира Мехмети. По доаѓањето на СДСМ на власт, тој стана неизвршен директор во одборот на директори на „Македонски телеком“.
Се споменуваа суми од 2.000 евра месечно за ова место каде е сместен.


Tags

Поврзани содржини

error: Content is protected !!
Close