Wednesday , June 19 2019
Home / Скопска хроника / Удрил со возило во куп земја, од ,,Водовод” не поставиле светлечки знаци

Удрил со возило во куп земја, од ,,Водовод” не поставиле светлечки знаци

Граѓанинот Г.М., пред неколку дена, ноќе удрил во куп земја на улицата ,,Радушка” во населбата Ѓорче Петров.
На улицата, веќе неколку недели, ,,Водовод и канализација” изведува градежни зафати, но таа е непрописно обележана што и довело до незгодата – нема соодветна сигнализација, знаци за пренасочување, за намалување на брзина, за стеснување на пат, само куп даски со укажување дека нешто се работи.
Слободна за возење е една лента.

– За среќа, поради мојата брза интервенција не се случи поголема несреќа – , вели Г.М. во своето барање до претпријатието.

Особено нема светлечки знаци за возење во ноќни услови, тврди нашиот соговорник, за што испрати и фотографии. Возилото има оштетувања од ударот во предниот дел, како и кај ладилникот, а Г.М. веќе се обратил до претпријатието со барање за обештетување. 

Градежните работи на ,,Радушка” се изведуваат во должина од околу три километри.

error: Content is protected !!