Wednesday , September 18 2019
Home / Македонија / Форум за демократска Македонија : Со прием во Вашингтон одбележан празникот на Светите Кирил и Методиј

Форум за демократска Македонија : Со прием во Вашингтон одбележан празникот на Светите Кирил и Методиј

Денот на Словенските просветители, Светите Кирил и Методиј, беше одбележан и во Вашингтон, главниот град на САД со пригодна манифестација: предавање за нивното дело и културно наследство, проследено со прием во чест на овој голем празник. Настанот , кој се одржа во просториите на амбасадата на Република Северна Македонија, беше под покровителство на Форумот за Демократска Македонија, иселеничка организација со членови ширум светот. 

Предавањето беше подготвено и презентирано од  д-р Анета Георгиевска-Шајн, историчар на уметност и предавач на Универзитетот на Мериленд и музејската институција ,,Смитсонијан”. Беа опфатени бројни елементи на делото, мисијата и историското значење на овие просветители – од формирањето на глаголското писмо и неговата улога во ширењето на писменоста кај повеќе словенски народи, до културното наследство поврзано со нивното дело, вклучувајќи средновековни црковни зданија и ракописи, но и оние од поновиот период.

На настанот присуствуваа американски граѓани од разни сфери на јавниот живот, но и гости од други амбасади, вклучувајќи ги и тие од соседните држави.

Форумот за Демократска Македонија, преку своите претставници на разни места во светот, ќе продолжи да организира слични настани насочени кон афирмација и валоризација на македонскиот јазик, идентитет и културно наследство, информираат во соопштението до јавноста. 

 

error: Content is protected !!