Wednesday , September 18 2019
Home / Македонија / ЕХФ ЗА ,,ВАРДАР”: Ова е прикаска која ако ја напишеш, никој нема да ти верува

ЕХФ ЗА ,,ВАРДАР”: Ова е прикаска која ако ја напишеш, никој нема да ти верува

Европската ракометна федерација, преку Твитер, им ја честиташе шампионската титула на нашите ракометари од ,,Вардар” со зборовите : ,,Ова е прикаска, која ако ја напишеш, никој нема да ти верува”. 

На улиците во Скопје и на плоштадот Македонија, уште се слави победата и втората титула на ,,Вардар” во ,,Лигата на шампиони”.

Кога се игра со срце, самодоверба и со знаење, без традиционалниот македонски комплекс инфериорум за тоа колку сме наводно мали, сиромашни и неважни, Европа нема формула да не` сопре на патот кон ѕвездите.
Нашите ,,вардарци” се доказ дека навистина се победува со љубов и емоции.

На овој народ му се потребни победи, херои, потребни му се бои и конфети за да се издигне над својата вековна инфериорност.

Вардар, вечен да си !

error: Content is protected !!