Македонија

Ракометарите слетаа во Скопје : Трофејот е дома !

Ракометарите на ,,Вардар” тукушто слетаа од Келн и се упатија кон плоштадот ,,Македонија” со шампионскиот автобус. Националните херои ги пречека скопскиот градоначалник, Петре Шилегов.

Надвор од скопскиот аеродром ги дочекаа илјадници граѓани, кои, имаа трпение да ги чекаат надвор со часови, а сега во екстаза пеат победнички песни и го веат македонското знаме. 

Трофејот од аеродромот, на своите раце го изнесе и го донесе дома Стојанче Стоилов. 

Плоштадот е преполн со илјадници граѓани, кои, со нетрпение чекаат шампионите да пристигнат и да поминат низ Триумфалната порта за да ја прослават оваа втора историска победа со шампионите. 


Tags

Поврзани содржини

error: Content is protected !!
Close