Sunday , July 21 2019
Home / Македонија / ГЕРО ПОД ЗАКАНИ ОД РЕКЕТАРИ : Сакаат да ме замолчат, но нема да им успее !

ГЕРО ПОД ЗАКАНИ ОД РЕКЕТАРИ : Сакаат да ме замолчат, но нема да им успее !


Бранко Героски, поранешниот главен уредник на ,,Слободен печат”, кој, неодамна даде оставка во весникот под силни притисоци, вечерва, обелодени дека е предмет на сериозни закани и загрозена е неговата безбедност поради објавување на серијалот текстови на ,,Плусинфо” за рекет медиумско-политичката мафија насловен како ,,Коки, Кики и компанија”.
Заканите, како што информираше траеле неколку дена, но особено се интензивни по денешната објава на третиот дел од прикаската – ,,Како Коки, Кики и компанија рекетарските уцени ги „ботоксираат“ со „бомби“ и се фалат дека се од арсеналот на СЈО!”

Героски, го повика Основното јавно обвинителство да отвори предмет по допрен глас за криминогени структури кои уценуваат бизнисмени и влијателни личности, а од Здружението на новинари (ЗНМ) очекува да го заштити од нападите, навредите и клеветите од луѓе кои се блиски на власта.

,,Откако не успеаја да ме замолчат со клеветнички напади преку неколку наши парапортали, рекетарите поврзани со еден наш медиум ги повикуваат на помош Основното јавно обинителство и Здружението на новинарите на Македонија, тврдејќи дека мојот серијал за рекетарската багра бил, всушност, рекетирање?!

Да потсетам и да прецизирам. Во ниту еден од моите написи за нашите фиктивни јунаци Коки, Кики и компанија, не се спомнува конкретен медиум. Сите имиња на личностите се измислени. Сите себепрепознавања се надвор од мојата одговорност. Тоа е позната литерарна постапка, кога се пишува за вистински настани, но со измислени ликови.

Моите приказни, де јуре, се фикција. Засега. Ако истражните органи решат да ја утврдат вистината, можно е тоа да се промени. Но, за тоа – потоа.”

Прочитајте повеќе – ТУКА

error: Content is protected !!